| |||||||||||
|
ПЧЕЛИ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЕЦ Еден американски полицаец останал неколку часа заробен во својот автомобил опколен со рој побегнати пчели. Тој бил заменик шериф во Северна Каролина, а запрел со автомобилот за да му помогне на возачот на еден камион кој се расипал. Во камионот имало 60 кошници со пчели од кои едната се скршила. ![]() Пчелите тргнале кон полицаецот, кој спас побарал во својот автомобил, кој набрзо бил преплавен од пчели. Дури по неколку часа полицијата со помош на локалните пчелари успеале да го извлечат колегата од несекојдневната ситуација. Иако пчелите не биле агресивни, полицаецот убил неколку од нив, како што рекол во чиста самоодбрана. ВИНОВНИЦИТЕ ЗА ТРУЕЊЕТО НА ПЧЕЛИТЕ ВО ОХРИД ЌЕ БИДАТ ДАДЕНИ НА СУД Денеска бевме информирани од групата оштетени пчелари дека ги комплетираат доказите за труењето на пчелите во Охрид и околината. - Веднаш по доставување на пријавата излезен е на терен републичкиот ветеринарен инспектор и направен е записник од увидот. - Направен е увид и од страна на МВР и е поднесена пријава против сега засега непознат сторител. - Извршен е увид и од страна на комисијата за проценки при локалната самоуправа во Охрид. - Од страна на републичкиот ветеринарен инспектор пратени се примероци од мртви пчели на анализа. - Неколку пчелари по приватна постапка имаат испратено примероци од мртви пчели. -Исто така испратени се на анализа и примероци од лисјата на прсканите липи. По досегашното броење на угинати пчелни семејства, бројката надминува 250 друштва. Денес се приметени неколку граѓани како се движат низ централното градско подрачје со заштитни маски. Дали маските ги ставиле поради отровот со кој се прскани липите или од друга причина не знаеме затоа што граганите не беа расположени за изјава. pcela.mk РОЈ ПЧЕЛИ „НАПАДНАЛ“ КУЌА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ![]()
Ohridnews.com
ПРОТЕСТНО ПИСМО -Протестново писмо го испракам поради континуираното излагање на претседателот на ПСМ дип.економист Мирче Настоски. |
|
| Прочитај повеќе... |