| |||||||||||
|
ИНСПЕКЦИЈАТА ЗАПЛЕНУВА МЕД СО СОМНИТЕЛЕН КВАЛИТЕТ
Според него, сите медари не се регистрирани освен кога е сезона на субвенции. Според него, проблем има и при регистрацијата на пчелните семејства. Тој тврди дека дел од ветеринарните станици не ги издаваат потврдите како што треба, за што ќе бидат санкционирани. Пчеларите се жалат дека се дозволува увоз на мед чие потекло не е декларирано, а цените се исти, па дури и повисоки од оние на домашниот, природен мед. Тие сметаат дека потрошувачите треба да знаат што купуваат. Гоце Мирчевски, пчелар од Скопско, тврди дека поголемите пчелари не го даваат медот во големите маркети, туку си го продаваат на тезги по пазарите, или имаат сопствени продавнички. Помалите производители, пак, кои годишно вадат по максимум неколку стотици килограми, воопшто немаат проблем со продажбата. Доволно е пријателите и соседите да им купат по една тегла. На малверзациите укажува и релативно ниската цена која некогаш достигнува 180 денари наспроти реалната која за квалитетен, природен, чист мед, треба да е 250 денари. Пчеларите потврдуваат дека во земјава се произведува квалитетен мед, но немаме доволна количина бидејќи оваа земјоделска гранка е претежно хоби. Како што велат од Федерацијата на фармери, во Македонија има околу стотина илјади пчелни семејства, а просечното производство достигнува 840 тони мед при што преовладува ливадскиот. Статистичките податоци покажуваат негативен тренд во последните пет години. Извор: Вечер РОЈ ВО СЕПТЕМВРИ Околу 14:00 часот ми се јави пријателот и ми кажа дека му се јавиле дека во атарот на селото Коњско има избеган рој и дека оди да го собере ???. Познавајќи го како добар мајтапџија не дадов некое значење на муабетот, си помислив дека пак смислил некоја шега. Вечерта пак ми се јави и ми рече да ги видам сликите што ми ги пратил од ројот. Оваа година во Охрид се случуваат многу чудни работи но ова е капак на се.Ројот е прибран во сандак и се надевам дека успешно ќе презими. Фотографиите погледнете ги тука pcela.mk ПЧЕЛИ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЕЦ Еден американски полицаец останал неколку часа заробен во својот автомобил опколен со рој побегнати пчели. Тој бил заменик шериф во Северна Каролина, а запрел со автомобилот за да му помогне на возачот на еден камион кој се расипал. Во камионот имало 60 кошници со пчели од кои едната се скршила. ![]() Пчелите тргнале кон полицаецот, кој спас побарал во својот автомобил, кој набрзо бил преплавен од пчели. Дури по неколку часа полицијата со помош на локалните пчелари успеале да го извлечат колегата од несекојдневната ситуација. Иако пчелите не биле агресивни, полицаецот убил неколку од нив, како што рекол во чиста самоодбрана. ВИНОВНИЦИТЕ ЗА ТРУЕЊЕТО НА ПЧЕЛИТЕ ВО ОХРИД ЌЕ БИДАТ ДАДЕНИ НА СУД Денеска бевме информирани од групата оштетени пчелари дека ги комплетираат доказите за труењето на пчелите во Охрид и околината. - Веднаш по доставување на пријавата излезен е на терен републичкиот ветеринарен инспектор и направен е записник од увидот. - Направен е увид и од страна на МВР и е поднесена пријава против сега засега непознат сторител. - Извршен е увид и од страна на комисијата за проценки при локалната самоуправа во Охрид. - Од страна на републичкиот ветеринарен инспектор пратени се примероци од мртви пчели на анализа. - Неколку пчелари по приватна постапка имаат испратено примероци од мртви пчели. -Исто така испратени се на анализа и примероци од лисјата на прсканите липи. По досегашното броење на угинати пчелни семејства, бројката надминува 250 друштва. Денес се приметени неколку граѓани како се движат низ централното градско подрачје со заштитни маски. Дали маските ги ставиле поради отровот со кој се прскани липите или од друга причина не знаеме затоа што граганите не беа расположени за изјава. pcela.mk РОЈ ПЧЕЛИ „НАПАДНАЛ“ КУЌА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ![]()
Ohridnews.com
ПРОТЕСТНО ПИСМО -Протестново писмо го испракам поради континуираното излагање на претседателот на ПСМ дип.економист Мирче Настоски. |
|
| Прочитај повеќе... |