skip navigation

Европска чума на пчелното легло

Почетна / Болести и лечење / Европска чума на пчелното легло
Европска чума на пчелното легло

Европска чума на пчелното легло

Европската чума е од поблага природа од која боледува отвореното и затвореното легло. За нејзина појава учествуваат повеќе видови на бактерии. Иако оваа болест сеуште не е доволно научно објаснета се смета дека главен причинител е бактријата streptococcus pluton, а останатите причинители имаат второстепено дејство.

Европската чума најчесто се појавува во пролет но тешко се открива бидејќи пчелите ги чистат заболените ларви и ги исфрлаат па пчеларот не е во можност да ја забележи болеста. Болеста најчесто се јавува во друштвата кои напролет имаат многу отворено легло, а малку пчели кои производат храна па не се во можност да ги нахранат сите ларви. Ако условите за развој на пчелното друштво не се добри болеста се шири многу брзо. Оваа болест е многу зарзна и може да се јави во повеќе друштва одеднаш.

Оваа болест се јавува најчесто кога пчелите се изложени на некој стрес како на пр. селидба, одзимање на затвореното легло, или до коклку друштвото е презаразено со Вароа.


Streptococcus Pluton European Foulbrood

Знаци на болеста

Од европската чума најчесто страдаат ларвите со старост од 48 часа. Младите ларви со храната во средното црево внесуваат и предизвикувач на оваа болест, кој во средното црево се развива и размножува. Заразените ларви бараат повеќе храна поради што пчелите најчесто ги исфрлаат но ако останат во келијата го губат својот облик, стануваат млитави, се менува бојата на ларвата во жолтеникава и добиваат карактеристичен кисел мирис. Искусен пчелар лесно може да ја препознае заболената ларва по промената на нивната нормална положба. Ако пчелите ги поклопат келиите со загинати ларви поклопците ке станат исто и како кај америчката чума но ларвата не се растеглува, има мирис на оцет но ларвата не е цврсто припиена на зидот на келијата па пчелите можат да ја очистат. Текот на болеста во различни друштва е различен, во некои мал број на ларви заболат па пчелите ги исчистат кај други болеста земе поголем замав па без интервенција на пчеларот друштвото може и да загине. Во време на јака паша пчелите ја стеснуваат матицата таа намалува да носи јајца па до колку друштвото е болно пчелите брзо ги исчистат келиите за да стават нектар во истите. Исто така во друштвата кај кои има недостаток на храна леглото се намалува и пчелите лесно ги чистат келиите од заболените ларви.


Streptococcus Pluton European Foulbrood

Борба против болеста

Лекување на оваа болест е само ако зела поголем замав и тоа со додавање на лекови и замена матицата. Додека ако болеста зафатила мал број на келии пожелно е друштвото да се остави само да ги очисти ларвите и да ги исфрли од кошницата. Ако болеста е во одминат стадиум и друштвото ослабело се препорачува третман сличен на третманот со америчката чума. Успешно лекување се постигнува со додавање на антибиотици-стрептомицин, геомицин, терамицин и др. но може да се случи и по третманот болеста повторно да се појави. Се смета дека е подобро пчелите сами да ги очистат келиите отколку друшто да се третира со антибиотици бидејќи повеќе бактерии остануваат по третманот со антибиотици отколку кога пчелите сами ќе ги исчистат келиите. Дел од научната јавност препорачуваат антибиотиците да се користат напролет како превентива додека други препорачуваат да се користат напролет но само кај друштвата кај кои се појавиле првите симптоми на болеста. За лекување се употребува 0,5 грама Стрептомицин на 1 литар шекерен сируп. Резултатите се најдобри ако сирупот се распрска напролет по сите рамки. Пчеларите практикуваат сирупот да го ставаат во хранилки но тоа е понеефикасен начин. Но сепак наједноставен и нај сигурен начин во борба против оваа болест е замената на матицата, замената на старото саќе, стеснување на друштвото само на рамки што може да ги покрие и развивање на хигиенскиот ген на пчелната заедница.