skip navigation

НОЗЕМОЗА

Почетна / Болести и лечење / НОЗЕМОЗА

The world best quality of product and Training, for Beekeeping with Bee!

НОЗЕМОЗА

НОЗЕМОЗА

Ноземозата ја има во цела Европа. Обично се појавува на секои 5-6 години во опасен вид.

Овде ќе се укаже на некои алтернативни мерки кои можат да влијаат на намалување на ноземозата.

Ако температурата на зимовникот (или во кошницата) е помеѓу -20 °C и +5 °C, пчелите трошат помалку храна и помалку оболуваат од ноземоза. Многу е битно ако во храната нема медлика (шумски мед). Ако во текот на зимата пчелите имаат прилика да излезат на прочистителен лет тогаш тоа многу влијае на намалување на болеста. Ако се работи со нечист алат ноземозата е неизбежна. Треба многу да се води сметка за хигиената на пчеларникот а посебно на дезинфекција на приборот за работа и особено хранилките и поилото. Пчелите треба да се префрлуваат од загадени кошници со ноземоза во чисти. Рамките заразени со ноземоза треба да се претопуваат и да се дезинфицираат.

  • Во спратче се редат празни рамки со саке и се поставуваат на затворен под.
  • Над спратчето се става едно празно спратче во кое се става сад со 200 мл есенција па се поклопува со поклопна даска.
  • Се залепува со широка селотејп трака за да нема ни еден отвор.
  • Сето ова треба да отстои 4 дена ако температурата на воздухот е 15 °C до 20 °C.
  • Потоа рамките се проветруваат два дена.
  • Да не се остава старо саќе во кошницата, обавезно да се претопува.

Против ноземозата успешно делува:

Во сирупот за прихранување се става една лута пиперка. Се покажало дека успешно делува и на поголема несивост на матицата.

  • Во сирупот на првото пролетно прихранување се става 1 грам тимол на 4-5 л. сируп (1:1) кој ќе влијае на намалување на ноземозата а на есенската прихрана се става 1 грам тимол на 20 л. сируп. Пчелите многу подобро зимуваат ако во есенската прихрана со шеќерен сируп има и тимол.
  • Јаките пчелни семејства се најдобар лек против ноземоза.
  • Во пракса се покажало дека друштвата што се подложни на ноземозата даваат одлични резултати ако со есенската прихрана се дава фумагилин (3-4 литри) а во зима истиот се става во погачите. Напролет се прскаат рамките со слаб шеќерен сируп во кој има фумагилин.
  • На 10 литри шеќерен сируп 2-1 се додава сок од 60-80 грама лук. Мојата пракса покажа дека со есенска прихрана со овој сируп ноземозата се намали за 70-80%.
  • Со есенската прихрана со шеќерен сируп се додава и лук. На 10л. шеќерен сируп (2-1) се додава 60-80 грама лук.Лукот се става во миксер со 150-200мл вода и се микса се додека не се добие фина бела каша. Потоа лукот се цеди низ чиста повеќеслојна газа и сокот се додава во сирупот. Постапката се повторува 3-4 пати се додека не се извади сиот сок од лукот. Сирупот се дава истиот ден.
Пчелар - Апостолоски Сашо