skip navigation

МАТИЧЕН МЛЕЧ

Почетна / Пчелни Производи / МАТИЧЕН МЛЕЧ

The world best quality of product and Training, for Beekeeping with Bee!

МАТИЧЕН МЛЕЧ

МАТИЧЕН МЛЕЧ

За матичниот млеч се знаело уште од стари времиња. Кинезите матичните ларви заедно со млечот им го давале на постарите лица како лек. Благородното дејство на медот е откриено во 1922 год. а масовна употреба во медицината и фармакологијата во 1954 год. Млечот го произведуваат пчелите работнички на возраст од 6-12 дена од горновиличните жлезди. Пчелите со млеч го хранат младото легло и матицата. За 6 дена хранети со млеч, матичните ларви ја зголемуваат својата тежина за 1 500 пати. Матицата за целиот свој живот се храни со млеч и живее по 5 години па и повеќе, а пчелата работничка која се храни само со мед и полен живее 35 дена до 6 месеци. Матицата е најплодно суштество на земјата. Дневно носи околу 2 000 јајца, за една сезона 300 000 а за време на својот живот околу 2 000 000 јајца благодарение на чудотворната моќ на млечот.

Матичната млеч е концентрација на аминокиселини, витамини , хормони и други за организмот важни компоненти кои благодарејќи на својот богат состав и идеални односи претставува драгоцен биостимулатор на организмот.

  • Матичната млеч е мултивитамински производ со сложен хемиски состав.
  • Матичната млеч е густа супстанца, слична на кисело млеко, со сивкасто бела боја, киселкаст до неодреден фкус и специфичен мирис.
  • Матичната млеч содржи белковини, аминокиселини, јаглеро хидрати, масти, минерални материи, ензими и многу витамини.
  • Во 1 гр. млеч има околу 350 мг. витамини: Б1,Б2,Б3, ПП, Ц, Е итн.
  • Во млечот се пронајдени 22 аминокиселини вклучувајки ги и сите есенцијални.
  • Од олигоелементите во млечот се пронајдени: железо, магнезиум, манган, бакар, калиум, хром, сребро, кобалт, алуминиум, бизмут, злато,...
  • Во млечот има нуклеинска киселина и ензими: инвертаза, амилаза, ацетилхолин и др.
  • Матичната млеч има антибактериско дејство (бактериостатско и бактерицидно)
  • Значи матичната млеч го содржи сето она што е потребно за изградба и опстанок на живиот организам.
Млечот е наречен „gelee royal“ (царска храна)

Млечот е богат со беланчевини и шеќери, но овие супстанции се карактеристични по тоа што припаѓаат на повеќе врсти за разлика од медот во кој се едноставни. Млечот е богат и со витамини од групата (Б) особено со тиамин, рибофламин, пиридоксин, и пантотенска киселина. Целосното одсуство на витаминот (А) и делумно на витаминот (Ц) во млечот се надохнадува со нивното присуство во медот со кој се меша млечот пред негова употреба. Сознанието дека млечот во мали количини го зајакнува организмот, ја потпомага регенерацијата на клетките после прележана болест и ги намалува проблемите кај постарите жени, ја зголеми побарувачката на овој пчелин производ.

Најдобро време за вадење млеч од матичњакот е третиот или четвртиот ден (откако ќе излезе ларвата од јајцето). Се собира во мали стерилизирани шишенца кои се обвиткани со алуминиумска фолија и во што пократок рок се ставаат во ладилник или се меша со кристализиран мед (ако го измешаме со течен мед, по извесно време млечот ќе исплива на површина).


МАТИЧНА МЛЕЧ – „GELLEE ROYAL“

Живееме во време кога е се поизразено загадувањето на атмосферата, водата и земјата. Во храната добиена со употреба на хемијата се повеќе се намалува количината на потребни материи за организмот. Денешната храна е се поубава на изглед но се повеќе ја губи основната функција да не храни, на организмот да му дава енергија, да му овозможи да се развива, да расте и да ги надополнува резервите од неопходните минерални материи, витамини и други супстанции. Во храната се додаваат разни адитиви, бои, вештачки ароми, вкусови и други додатоци. За да се исчистиме од сиве овие неприродни додатоци во храната треба да го користиме она што ни го дава природата. Да семе што повеќе на чист воздух и да користиме што повеќе непреработени природни производи. Да пиеме што помалку газирани пијалоци оносно да внесуваме во организмот што помалку отровни и бескорисни супстанции. Најдобар и најправилен начин е избор на чиста и биолошки исправна полновредна храна, храна која освен неопходни градивни елементи и потребна енергија има заштитна и превентивна улога.

Од најстари времиња, човекот го интересирало зошто матицата која се испилила од истото јајце како и пчелата работничка живее 5 па и повеќе години а нејзината ќерка само 35-45 дена до 6 месеци. Само првите 3 дена сите ларви добиваат иста храна – матичен млеч. Потоа матичните ларви добиваат матична млеч а останатите ларви кашичка од мед и полен. Богатата исхрана на матичните ларви со млеч придонесува на забрзан развој. Во текот на првите 5 до 6 дена од развојот на матичните ларви тие ја зголемуваат својата тежина за 1500 пати (од 0,1 мг на 150 мг). Матицата е најплодното суштество на планетата. За време на сезоната неси околу 2000 јајца дневно, во текот на сезоната околу 300 000, а за текот на својот живот и до 2 000 000 благодарејќи на чудотворната моќ на матичната млеч.

Пчелата е инсект која се што произведува е од полза за човекот. Пчелните производи се мали ремек дела на природата. Од нив најлековита е матичната млеч.

Матичната млеч е високохранлива материја, лесноприфатлива за организмот, која содржи елементи потребни за нормална егзистенција на организмот.

Матичната млеч е сретство кое го чува здравјето, овозможува подобро да се чуствуваме, да се избориме со стресот и ако се разболиме полесно и побрзо да оздравиме со минимална употреба на лекови.

Матичната млеч е густа супстанца, слична на киселото млеко, со сивкасто бела боја, киселкаст до неодреден фкус со блага нијанса и специфичен мирис. Специфичната тежина на матичната млеч е 1,1 гр/цм3. Матичната млеч ја лачат млади пчели на возраст од 6 до 12 дена од горновиличните жлезди. Благодарејќи на специјалната храна матицата се испилува за 16 дена а пчелите работнички за 21 ден.

Од најстари времиња млечот бил скап производ и претежно го користеле царевите поради што го добило името царско желе. За да се добие млеч во исхраната на еден матичник учествуваат 300 млади пчели на возраст од 6 до 12 дена. 1 грам млеч се добива од 5 до 7 матичници. Од снесувањето на јајцето до вадењето на млечот поминува период од 7 дена. Трудот што пчелите го вложуваат во производството на млечот е огомен и практично млечот нема цена.

Со многубројните испитувања е докажано дека млечот е комплексна и богата супстанца. Млечот го содржи се она што е потребно за раст, развој и нормално функционирање на организмот, белковини (градивни елементи), масти и јаглени хидрати (енергетски елементи), витамини (заштитни елементи) и во изобилство многу разновидни и за човекот корисни минерални материи.

Матичната млеч има антибактериски и антипротозични својства со бактериостатски и бактерицидни особини (го запира или уништува развојот на бактерии). Матичната млеч е со кисела реакција (pH 3.6)


Составот и квалитетот на матичната млеч во голема мерка зависи од:

  • Староста на ларвите
  • Моментот на вадење на млечот
  • Физиолошка состојба и јачина на пчелното семејство
  • Од сезоната на добивање
  • Услови на чување

Во млечот има 60-70% вода, и 30-40% сува материја. Белковини има 10-18%, шеќери 9-15%, масти 1,5-7%, неоргански материи 07,-1,5%. Матичната млеч не е ипитана до крај. Останато е недоволно истражено уште 2,84%.

Белковините во млечот се претставени со албумините и глобулините. Белковините се состојат од 5-8 фракции а пронајдени се и 22 аминокиселини вкључувајќи ги и осумте есенцијални (незаменливи).

Гликозата и фруктозата се главни претставници на шеќерите во млечот. Тие спаѓаат во група на редукциони шеќери кои ќелиите можат директно да ги примат. Во млечот постојат и други шеќери но во помали количини.

Млечот содржи и разни видови на витамини. Вкупната количина на витамини во 1гр млеч изнесува 336-354мг. Во млечот има витамини мг/г, Витамин Ц 3-5, тиамин (Б1) 1,2-7,4, пиридоксин (Б6) 2-10,2, никотинска киселина ПП (Б5) 48-149, пантотенска киселина (Б8) 180-200, биотин (Х) 1,6-4, фолна киселина (Бц) 0,5-2,2, инозитол 44-400, рибофлафин 6-100 мг/г..... Докажано е присуство и на други витамини како што се А, Е, Д, К..... само во помали количини.

Во матичната млеч има ензими, биотини, нуклеински киселини и слободни нуклеоиди. Млечот содржи ходин и ацетилхолин (0,3-1,2 мг/г)

Во млечот се наоѓаат сите важни микро и макроелементи: железо, сулфур, магнезиум, манган, бакар, калиум, калциум, натриум, хром, никел, сребро, кобалр, алуминиум, бизмут, злато.....

До денеска во природата не е позната материја слична со состав како што го има млечот посебно со количината и количеството на разни витамини.

Витамините, ензимите, хормоните имаат значајна улога во организмот. Без минерали и олигоелементи (елементи кои се наоѓаат во трагови) витамините неможат да го искажат своето благородно дејствување на организмот. Без присуство на минерали организмот не може да асимилира витамини. Некои витамини организмот може самиот да ги асимилира а минералите неможе самиот да ги создаде па ги внесува со храната. Синергизмот (содејството) на витамини и минерали е неопходно бидејќи многу сложени процеси и хемиски реакции неможат да се извршат без нивно едновремено содејство.

Неправилната и неурамнотежена исхрана може да биде причина за многу заболувања на организмот. Пчелните производи а посебно матичната млеч не е само високовредна храна туку многу повеќе од тоа. Млечот има способност да ги регенерира оштетените ќелии. Многу научници од разни земји во светот го испитувале млечот во лечење на разни болести.

Нервниот систем е еден од најкомпликуваните и најважни системи за опстанок и правилно функционирање на човечкиот организам. Тој ги контролира надворешните и внатрешните промени и врз основа на тоа одлучува кој систем кога и како треба да функционира. Млечот делува на опоравување на оштетените нервни ќелии.


Употребата на млечот доведува до:

  • Смирување на вознемирените особи
  • Го враќа нмирниот сон
  • Помага при сенилност
  • Помага при атериосклероза
  • Придонесува за намалување на употреба на разни психоседативи

Голем број научници го испитувале дејствувањето на млечот во педијатријата. Млечот се користи како терапеутско сретстви и како превентива. Со примената на млечот во лекувањата на децата заболени од хронични растројства, заостанување во растот и псохомоторниот развој се констатирало следното:

  • Зголемување на телесната тежина
  • Подобрување на општата состојба на организмот
  • Зголемување на апетитот и сонот
  • Зголемување на тургорот на ткивата
  • Зголемување на еластичноста на кожата
  • Зголемување на поткожниот мастен слој
  • Стимулирање на растот и развојот
  • Зголемување на имунитетот на организмот
  • Стабилизација на нормалниот развој
Матичната млеч е снажен биолошки стимулатор, задвижувач на размена на материи и активатор на сите витални животни процеси.

Ефектот на матичната млеч е испитувано и во геријатријата како и кај лица кои тешко се опоравуваат после долги и исцрпувачки болести. Матичната млеч делува како природен и многу ефикасен биостимулатор. Користењети на матичната млеч во комбинација со другите пчелни производи покажале трајни ефекти при лечењето на разни старосни заболувања и склеротични процеси.


Матичната млеч делува на:

  • Подмладување на организмот
  • Психофизичка старосна исцрпеност
  • Подобрување на општата здравствена состојба
  • Подобрување на состојбата на нервниот систем
  • Отстранување на отрови и штетни продукти на метаболизмот
  • Подобро снабдување на ткивата со крв

Употребата на матичната млеч дала доста добри резултати кај пациентите:

  • Излив на крв во мозокот
  • Парализа на десната страна
  • Главоболки
  • Раздразливост

При лечењето на пациентите кои имале мозочни трауми со користењето на матичната млеч се забележало:

  • Подобрување на активностите на бубрезите и црниот дроб
  • Нормализирање на холестеролот и триглицериди во крвта
  • Нормализирање на притисокот

Примената на млечот кај спортистите дало одлични резултати. Познато е дека врвните спортисти се имунолошки многу осетлива група на луѓе. Со долги и тешки тренинзи иминолошкиот систем слабее. Посебно спортистите се осетливи на стресните ситуации. Докажано е дека млечот не предизвикува несакани последици и не е отровен.


Употребата на млечот кај спортистите и луѓето доведува до:

  • Зголемување на работната способност и издржливост
  • Регенерирање на клетките
  • Воспоставување на нормална метаболичка работа
  • Поттикнување на делење на клетките
  • Подобро функционирање на ткивата и организмот како целина
Млечот е најдобар додаток на секојдневната исхрана.
Примена на млечот кај кардиоваскуларни болести.

Со примена на матичниот млеч се забележало значаен пад на масните фракцииво крвта. Се препорачува млечот да се употребува како многу корисно а безопасно сретство. Стенокардијата е болест која се манифестира со отежната циркулација на крвта во крвните садови кои го хранат срцето. При лечењето на стенокардијата со матична млеч се забележало дека млечот не делува како глицеринот (нагол ефект одма по земањето) туку се намалува траењето и интензитетот на болките. При систематска употреба на матичната млеч се забележало клиничко подобрување после првата недела од земањето. Бројот на напади се намалува, нападите траеле пократко и биле со намален интензитет. Раздразнетоста се намалувала, расположението и сонот се подобрувале.

Кај болните од шеќерна болест и со пореметување на функцијата на срцето матичната млеч го тонизира централниот нервен систем и нормализира тонусот на крвните садови. Со експерименти е докажано дека матичната млеч ги шири крвните садови. Таа влијае на нормализација на крвниот притисок. Високиот крвен притисок го намалува а малиот го зголемува. Матичната млеч го зголемува ослободувањето на гликогенот а со тоа и степенот на метаболизмот. Најдобри резултати се постигнале кај дијабетичари кои чуствувале силен замор, малаксаност, физичка и психичка исцрпеност. Со примената на матичната млеч овие тегоби биле намалени или комплетно исчезнале.

Матичната млеч позитивно дејствува на анемичните особи поправајќи им ја крвната слика. Железото е составен елемент на човечкиот организам. Потребно е за создавање на хемоглобин во крвта и одвивање на оксидационите процеси во клетките. Анемијата се јавува како последица од недостаток на железо во организмот и е хронична болест која постепено се развива.

Матичната млеч е обавезна во исхраната кај сите особи кај кои доаѓа до исцрпување на црниот дроб бидејќи ензимите од млечот директно ја потпомагаат детоксикационата улога на црниот дроб.

Матичната млеч успешно се користи во третирање на бронхијалната астма. Дејството на матичната млеч се заснова на регулацијата на вегетативниот нервен систем, зголемено лачење на адреналинот, дејството на ацетилхолинот кој ги проширува бронхиите и т.н.

Одлични резултати покажала примената на матичната млеч во случај на климактеричниот синдром. Матичната млеч вклучена во секојдневната исхрана влијае на отстранување на многу тегоби. Матичната млеч искажала силно дејство во спречувањето на депресии, нарушување на сонот, хипертонијата, главоболките и други психофизички тешкотии.


Матичната млеч и имунолошкиот систем

Низ еволуцијата во човечкиот организам се развиле три одбрамбени линии. Прва одбрамбена линија е човечката кожа. Млечот поволно делува на кожата и и ја враќа еластичноста, ја подмладува т.е. ја зајакнува одбрамбената линија. Втората одбрамбена линија е топлината. Оваа линија се активира кога во организмот се најдат страни тела. Третата одбрамбена линија е имунолошкиот систем. Тој се активира кога инфекцијата продре во нашиот организам.

Имунолошкиот систем е комплицирана замрсена мрежа од специјални ткива, органи, клетки и различни хемиски соединенија чија цел е зачувување на организмот од туѓите тела, бактерии и штетни хемикалии. Лимфните јазли, слезината, коскената срж и крајниците играат важна улога во производството на лимфоцитите, антителата и интерфероните. Постои вроден и стекнат имунитет. На организмот треба да му се даваат сите потребни супстанции за да зајакне и подобро да го развие нашиот имунолошки систем. Одреден вид на додаток во храната може многу да помогне. Овде матичната млеч зазема посебно место.

Изобилството на разновидни соединенија во млечот, различни протеински комбинации, имуноглобини, присуство на аминокиселини, незаситени мастни киселини, способност млечот да ги детоксицира нашите ќелии, да ги ревитализира и регенерира оштетените ќелии директно доведува до јакнење и подобра продукција на имунолошкиот систем.

Меѓу најопасните супстанции се таканаречените слободни радикали. И овде млечот се покажал како голем помошник на имунолошкиот систем. Бидејќи млечот содржи незаситени масни киселини, витамини Ц, Е, А,... помага директно во уништувањето на слободните радикали.

Ако се случи да се разболеме со јакнење на имунолошкиот систем го скратуваме времето на боловање и ја намалуваме потрошачката на лекови. Млечот помага да се опорави имунолошкиот систем, делува на уништувањето на слободните радикало и овозможува организмот побргу да закрепне. Матичната млеч благотворно делува на сите ткива, органи и ги ревитализира и подмладува нашите клетки.

Матичната млеч наоѓа примена и во козметиката. Матичната млеч е многу важен составен елемент на многу козметички препарати. Таа се применува за припремање на разни кремови и помади кои благотворно делуваат на кожата. На лицето и телото (го регенерира епидермисот, ја отстранува себорејата, егземот и други кожни заболувања). Доброто делување на матичната млеч врз кожата се објаснува со присуството на витамините посебно на пантотенската киселина.

Храната е единствен извор на неопходни супстанции од градивни, енергетски, заштитни па до макро и микро елементи. Исправна и биолошки полновредна храна е многу важна за човекот. Отсекогаш производството на храна било многу значајно. Во денешно време кога се повеќе јадеме помалку исправна храна, преполна со разни адитиви, антибиотици, бои, ароми и слично и кога храната е се посиромашна со разни природни неопходни супстанции многу е важно овие недостатови да се надополнат на друг начин.

Со својот богат состав млечта придонесува да ги надополниме „депоата“ со неопходните елементи, да се детоксицираме, да го нормализираме метаболизмот па и да се подмладиме. Со примената на матичната млеч не се укинува ниту заменува терапијата кај болните. Млечта ја користиме за да останиме здрави, да не се разболиме, па и ако се разболиме побрзо да оздравиме.

Во денешно време кога се повеќе сме загрозени од индустриски произведената храна, отровни материи кои не опкружуваат, зголемена радијација, вируси и на антибиотици резистентни микроби, матичната млеч е едини додаток во ихраната која може да ни помогне да ги издржиме сите предизвици на современата цивилизација, да ги детоксираме своите органи а со тоа да го сочуваме нашето здравје.


Како се чува матичната млеч?

Со експерименти е утврдено дека матичната млеч во нормални услови ја губи својата биолошка активност за 3-10 дена. Свежата матична млеч во херметички затворени шишенца чувана во фрижидер на -6 степени до -10 степени ги сочувува своите својства од 6-12 месеци. Сув лиофилизиран млеч чуван на температура од 0 до 14 степени ги зачувува својствата до 5 години. Длабоко замрзната матичната млеч на -20 степени го зачувува својот квалитет до 7 години. Според најновите испитувања вршени во Јапонија, Тајван и др. Земји при постапката на лиофилизација матичната млеч губи дел од своите својства.

Матичната млеч се применува при:

  • Заболување на срцето и крвните садови: miokarditisi, miokardioskleroza, stenokardija, hipertonija,ateroskleroza ...
  • Заболување на системот за варење: гастритис, колитис, чиреви, хипертрофијакај децата, немање на апетит ...
  • Заболување на зглобовите: artroza, arthritis, epikondilitis ...

Состојби после инфаркт

  • Нервни заболувања: нервоза, мигрена, климактериум, астенија,сексуални пореметувања ...
  • Кожни заболувања: екцем, nervodermitis,трофични чиреви, себореја ...
  • Други заболувања: бронхијална асма, пореметена лактација, анемија ...

Лековитоста на матичната млеч влијаат следниве фактори:

  • Староста на млечот
  • Начинот на вадење
  • Начинот на чување на медот
  • Начинот на употреба
  • Потеклото на млечот

Матичната млеч може да се користи:

  • Во природна состојба
  • Раствор на млеч во алкохол
  • Млеч во кристализиран мед
  • Лиофилизиран млеч
  • Смеша од пчелни производи

Дозирањето со матична млеч зависи од староста на болниот и видот на заболувањето. Дозата за возрасна особа е околу 250 до 300 мг дневно а за деца половина од дозата на возрасен. Млечот се зема два пати дневно ( наутро и навечер) пред јадење.

Матичната млеч се прима 1 до 2 месеци. Во случај на потреба може да се прима и повеќе месеци.