skip navigation

ПЧЕЛЕН ОТРОВ

Почетна / Пчелни Производи / ПЧЕЛЕН ОТРОВ
ПЧЕЛЕН ОТРОВ

ПЧЕЛЕН ОТРОВ

Познато е дека голем број на луѓе кои се на возраст од околу 100 години на некој начин се поврзани со пчеларството . Постои широко распространето мислење дека ова е поврзано со убодите од пчелите што ги добиваат во текот на нивниот живот ...


Што е пчелен отров?

Апитоксин е термин кој е стручен назив за отровот на пчелите. Пчелите го користат нивниот отров само во самоодбрана кога е загрозена нивната кошница (живеалиште). Пчелниот отров го користат за да го истераат непријателот, а не за негово убивање. На задниот дел од телото на пчелите има 2 жлезди коишто лачат (секретираат) отров, како и резервоар (ќесичка) каде што отровот се насобира и од каде е спремен за примена со убод преку осилото. Осилото има засеци, така што кога пчелата ќе убоди, осилото во повеќето случаи останува во кожата. За жал, ова е смртоносно за пчелите.

Иако отров, тој во контролирани количини е безбеден и многу корисен за човековото здравје. Пчелниот отров е одличен катализатор за хемиските процеси во организмот (има позитивни ефекти врз брзината на хемиските процеси). Дури и минимални количества од пчелен отров имаат многу позитивен ефект врз здравјето на луѓето.

Користа од пчелниот отров

Пчелниот отровот е многу корисен, како средство за профилакса на болести поврзани со зголемен ризик на тромб кој може да се создаде на различни локации (инфаркт на миокрад, тромбофлебитис, ангина пекторис), бидејќи ја има оваа карактеристика тој ја прави крвта потечна т.е. се намалува густината на крвта. Исто така апитоксинот ја намалува концентрацијата на холестерол во крвта, го нормализира крвниот притисок, спречува аритмии, врши регулација на проблемите поврзани со стенокардиа.

Други корисни ефекти

Чувство на малаксаност, хроничен замор, лошо расположение и несоница се секојдневие во современиот начин на живот, овие појави му се познати на секој човек. Пчелниот отров има капацитет за зајакнување на природната енергија од телото, ги намалува негативните ефекти на стресот на организмот, го подобрува квалитетот на сонот. Како резултат на тоа, на луѓето им се враќа енергијата, мирниот сон, психичкиот мир, волјата и доброто расположение. На тој начин пчелниот отров ја регулира работата на нервниот систем.

Во текот на истражувањето за својствата на пчелниот отров беше утврден изразитиот аналгетски ефект на апитоксинот (значително ја намалува болката - има 50 пати посилно дејство од новокаинот кој пак е силен аналгетик). Тоа му овозможува да се употребува како средство за сузбивање на разни болни синдроми.

Точно е утврдено дека има многу позитивен ефект врз болеста радикулопатија, ишијас, остеохондроза, детска церебрална парализа, паркинсонова болест, мултиплекс склероза, болести кај попуштени вени, улцерации на ткивата (рани кои произлегуваат од проширени вени), хронични воспалителни процеси, тиреотоксикоза, псоријаза и неуродерматитис.

Пчелниот отров, исто така има способност за елиминирање на лузни по хируршка интервенција и лекување на лузните предизвикани од изгореници. Тој е корисен кај бронхијална астма, очни болести, женски и машки стерилитет, менопауза, кај нарушување на менструалниот циклус кај жените и еректилната дисфункција кај мажите, има подмладувачки ефект. Apitoksin (апитоксин) дури и ја регулира телесната тежина.

Се користи за време на подготовка на спортисти и спортски натпревари, затоа што има способност да го адаптира организмот на големи физички оптоварувања. Во склоп на тоа го намалува заморот и концентрацијата на млечна киселина во мускулите.

Научни истражувања

Експерти од Австралија тврдат дека во лабораториски услови во епрувета , успеале да ги уништат клетките на ракот со синтетички мелитин (една од состојките на пчелниот отров), со што се отвора можноста за користење на пчелниот отров во оваа насока.

Во центарот на апитерапија „ Апи-Спа “ (Русија) се користи за безболен метод на убоди-боцкање со пчели, кој е специјално развиен за третман на деца и луѓе кои се чувствителни на болка. Пчелниот отров е составен дел на многу масти и креми кои се лесни за употреба во секојдневниот живот, со цел одржување на здравјето и квалитетот на животот.

Добриела Маринкоска


пчелен отров - bee venom

ПЧЕЛЕН ОТРОВ

Пчелниот отров е биолошки секрет кој има намена да го заштити пчелното семејство од надворешни непријатели. Составот на пчелниот отров е таков да не го убива непријателот туку само да го отстрани. Кога би убивал тогаш би се јавил друг проблем кај пчелното семејство - хигиената.

Намената на пчелниот отров не е само да директно влијае на непријателот туку и да ги алармира и другите пчели со испарувањето на лесноиспарливите состојки во отровот кои за брзо време стигнуваат до мирисните ќелии на останатите пчели и со тоа се зголемува агресивноста на пчелното друштво.

Кај човекот се добро познати особините на отровот.Се појавува јака локална болка на местото на каснување, црвенило и оток. Ако човекот не е алергичен, болката поминува за неколку минути а отокот после 24-48 часа. Пчеларите со тек на време стекнуваат имунитет на пчелниот отров па и покрај каснување од неколку пчели во исто време кај нив не се јавува оток и црвенило на кожата.

Пчелниот отров уште од стари времиња се користел во медицината. Денес тој се користи уште и во фармакологијата и козметиката. Пчелниот отров ги штити капиларите, го зголемува приливот на крв кон заболениот орган и ги намалува болките. Го зголемува хемоглобинот, го зголемува бројот на бели крвни зрнца како локално така и пошироко. Пчелниот отров благотворно делува и на срцевиот мускул, го намалува крвниот притисок, и воопшто делува на општата состојба кај пациентот, т.е. го подобрува сонот, работоспособноста и апетитот. Посебно е ефикасен кај ревматските и алергиските болести.

Дејството на ензимите во пчелниот отров се за 30 пати поактивни од змискиот отров. Разликата е во дејството, пчелниот отров го стимулира централниот нервен систем додека змискиот го блокира истиот.

За да се собере 1 грам пчелин отров потребни се 10 000 пчели.