skip navigation

ПРОПОЛИС

Почетна / Пчелни Производи / ПРОПОЛИС

The world best quality of product and Training, for Beekeeping with Bee!

ПРОПОЛИС

ПРОПОЛИС

Прополисот потекнува од секретот на некои врсти на дрва и жбунови, па пчелите го собираат дел од кората на споменатите дрва, претежно од младите гранки и жбунови а дел од пупките. Секретот што го лачат пупките и кората од дрвата е смолата, леплива и ароматична материја. Најмногу ја лачат: јасиката, костенот, јасенот, врбата, брезата, борот, елката и др.

Прополисот има пријатен мирис. Бојата може да му биде зеленкасто-жолта, ретко црна или во разни нијанси помеѓу овие бои. Најмногу содржи смоласти материи (60%), восок (30%) И етерични масла (10%). Исто така содржи повеќе групи на хемиски соединенија. Се раствара најдобро во алкохол и најчесто се користи како алкохолен раствор.

Прополисот е најефикасен до сега познат антибиотик. Пчелите го собираат прополисот, го обработуваат и со него ги лепат внатрешните зидови од кошницата со цел да се заштитат од бактерии. Во светот не постои фарма во која што живеат толкав број на единки како што е случај со пчелната заедница. Во пчелната заедница сепак епидемиите се ретка појава. Пчелите се во состојба да се чистат од физички зарази, а од штетните микроорганизми се штитат со прополис. Тие ја собираат смолестата материја од цверните пупки и младите гранчиња на дрвата, ја преработуваат и со неа ја обложуваат внатрешноста на кошницата заради заштита од бактерии.

Значаен дел во прополисот е пчелниот восок. Најважни и во него најголем дел влегуваат флавоноиди а помалку но доста важни состојки се и калкони, дихидркалкони, катехини, витамини Б1. Б2. Б6. Ц. Е. никотинска киселина, аминокиселини, ензими, бои, минерали, калијум, натриум, магнезиум, алуминиум, фосфор, силициум, ванадиум, кобалт, сулфур, никел, цинк...

Лековитите својства на прополисот се познати од дамнешни времиња. Народната медицина го користела прополисот за лечење на рани и гнојни воспаленија. Распространето било сознанието за неговото бактерицидно и фунгицидно дејствување. Познато е дека поради намалената отпорност дијабетичарите се подложни на гливични и бактериски инфекции а кај особите со нарушена циркулација често се јавува промена на кожата. На овие особи може да им се помогне со прополис.

Прополисот е природен антибиотик и единствен кој делува против бактерии.
Интересно е тоа што бактериите неможат да станат отпорни на прополисот.

Името прополис потекнува од грчкиот збор pro-што значи пред, и polis-што значи град што укажува дека пчелите со оваа материја го зтвараат, штитат, заградуваат и го приврстуваат “својот град”или propoliso-замачкуваат, полираат.

Со прополисот пчелите ги заѕидубаат (затвараат) сите пукнатини во кошницата, со него во тенок слој ги премачкуваат ѕидовите на kошницата, ги полираат келиите од сотовите кои служат за сместување на мед, полен и одгледување на ларви.

Со прополисот се обложуваат и усмртените животни што продреле во кошницата бидејки прополисот го спречува процесот на гниење.

Прополисот е смолеста материја со сјајна темножолта до темно зелена нијанса со карактеристичен пријатен мирис.

Прополисот по своето потекло е секрет од ткивата на пупките или кората на дрвјата и грмушките. Тој е мешавина од смолести материи од дрвјата најчесто од топола, врба, јасен, оморика, бреза, бор, костен и други.

Смолата се создава на кората како леплива излачевина или смолеста супстанција за време на пролетта и летото. Пчелите најчесто го собираат во август, септември и октомври т.е. во времето на припрема на пчелите за зимување. Собирањето на прополисот се врши на топли денови од 10-15 часот,кога овие материи можат лесно да се мешаат.

Мирисот, физичките својства, бојата и хемиските својства на прополисот зависат од растеието од кое е собиран и локацијата на растенијата.

Прополисот има пријатен мирис на растителни пупки, мед, восок, ванила и е со горчлив вкус.

При подолго чување прополисот потемнува. На топло над 30 степени прополисот станува мек и пласичен а на ладно под 15 степени станува тврд и крут.

Прополисот се топи на температура од 80-150 степени а има специфична тежина од 1,112-1,136 гр/см3. Прополисот слабо се раствара во ладна вода а нешто подобро во топла вода (7-10%). Добро се раствара во 96% алкохол (50-75%). Растворливоста на прополисот зависи од времето на екстакцијата, температурата на растворувачот и големината на проплисовите парчиња.

Прополисот игра важна улога во животот на пчелното семејство. Тој служи како градежно дезинфекциона материја со која пчелите ги пополнуваат пукнатините, го фиксираат саќето, за дезинфекција и полирање на келиите. Благодарејки на прополисот се одржува добра здравствена состојба во улиштето во текот на целата година.


ИСТОРИЈАТ

Човекот оддамна покажал интерес за употреба на прополисот посебно за лековити цели во стариот Вавилон, Египет, арапскиот свет, Фрција, Рим, и други земји. Свештениците, треварите и исцелителите го употребувале прополисот и другите пчелни производи за припремање на лекови, масти, мелеми против кожни болести и рани, за мумифицирање на мртвите и т.н.

Прополисот го употребувал и основачот на медицинските науки Хипокрит и филозофот Аристотел.

Према старите извори прпоплисот го употребувале читава плејада научници и на лекари.

Меѓу нив најпознат е Авицена(ИБН синот) персиски филозоф и лекар.

Меѓу земјите најпозната е Грузија. Во грузиската народна медицина прополисот нашол широка примена.

Прополисот го употребувале и славните градители на виолини Страдивариус, Гуарнери и Амати (од Кремона) за припрема на лакот со кој ги премачкувале виолините.

Повтроното откривање на прополисот се јавува во Данска. Во денешн време се јавува зголемено интересирање за употребата на прополисот.

Со научни испитувања е утврдено дека прополисот по своите својства е чист антибиотик према кој за разлика од хемиските препарати никој не постанува имун, ниту предизвикува штетни реакции во организмот.

Со систематски испитувања е утврдено дека прополисот е составен од околу 70 компоненти од кои нешто повеке од 1/3 е испитана.

Прополисот содржи околу 55% растителни смоли, 30% восок, 10% ароматични масла, 5% полен.

Во прополисот се пронајдени флавоноиди, органски киселини, алдехиди, естри, алкохоли, аминокиселини и др.

Количината на витамини во прополисот е мала. Тој ги содржии витамините В1,В2,В6,С1,Е, никотинска, пантотинска киселина...

Во прополисот се пронајдени од 8 до 17 аминокиселини и следните минерални материи: бариум, алуминиум, железо, калциум, силициум, фосфор, манган, бакар, цинк, сребро, кобалт, титан, магнезиум, калиум и др.

Прополисот делува против микроби, габи, вируси, и има анестетичко дејство.

Прополисот има бактерицидно дејство (ги уништува бактериите) и бактериостатичко (го запира развојот на бактериите). Бактериите не можат да се адаптираат на прполисот. Тој не е отровен и не ја уништува цревната флора.

Прополисот ја зголемува против микробната активност на одредени антибиотици.

Во нормални услови прополисот ја зачувува антибактериската активност 3 до 4 години.

Прополисот може да се прима орално во вид на прашак, гранули, воден екстрат, водено алкохолна емулзија, прполисово масло и .т.н.


1. Алкохолен раствор на прополис-прополис капки во 96% алкохол

Подготовката на алкохолниот раствор се врши на следниот начин. Потребна количина на прополис се ситни и се става во стаклен сад во кој се дотура 96% алкохол и садот добро се затвара. Секојдневно шишето се протресуба и после дестина дена се процедува добиениот раствор.

Прополис капките се примеуваат орално и надворешно. Во зависност од намената се користат различни проценти на прополис капки. 2 до 4% прополис капки се користат во стоматологијата. Начесто се користат прополис капки од 10 до 20%.

Прополис капките се применуваат на следниот начин:
  • 10-20 капки од 10-20% прополис капките се ставаат во чаша топла вода, млеко или чај и по едно лажице мед или сок од лимон.
  • 10-20 капки од прополис капките се става на коцка шеќер или парче леб и се држи во устата додека прополисот не се апсорбира.
  • Ако 10-20 капки од прополис капките се стават во врела вода се врши инхалација со прополис капките.
  • Ако завој се пропрска со прополис капки може да се користи за превивање за разни рани на кожата.

2. Водено алкохолна емулзија на прополис

  • Се користи орално, за облоги, инхалации, гргарења.
  • Се приготвува од алкохол раствор на прополис, со додавање на дестилирана вода, превриена вода или минерална вода во зависност од саканата концентрација (0.25% 0.5% 1% 2% ). За да се добие 0,5% водена алкохолна емулзија се мери 5см3 (5мл) 10% прополис капки и се меша со 95 мл(см3) дестилирана вода.
  • Се чува на темно место. За орална припрема и гргарење се зема една лажица 3 до 4 пати дневно.

3. Воден раствор на прополис

  • Се користи за орална употреба, гргарење, аеросолна инхалација
  • Се добива со растворување на прополис во вода (водена бања)
  • или се користи и прополисот растворен во вода

4. Маслена-алкохолна емулзија на прополисот

  • Се прави од алкохолена раствор на прополис и квалитетно масло (рибино,сончогледово, маслиново ...).
  • Алкохолен екстрат - масло = 1:1; 1:2; или 1:3.
  • Се користи во оториноларингологијата, кај изгоретини, егземи и др...

5. Прополис маст

  • Се прави од прополис раствори во лековита маст.
  • Се употребува за лечење на рани, изгоретини, хемороиди, егземи.

6. Прополисово масло

  • Се спрема иситнет прополис ставен во загреан путер и се меша се додека не се добие хомогена маса.
  • Се препорачува за лечење на туберколоза, ангина, чир и др.
  • Се прима по 1 лажица на 1 час пред јадење 3 пати на ден растворено во млеко.

7. Природен прополис за надворешна и внатрешна употреба

  • 1 гр прополис се загрева додека не омекне и се обликува во тенок слој и се става на заболеното место како на пример жуљ, брадавица и сл.
  • Се фиксира со фластер и по 4 до 5 дена се вади. Ако брадавицата не падне се повторува постапката.
  • чист прополис се обликува во гранули од 0.5 до 1 гр.
  • Се зема по 1 гранула 3 пати дневно на 1 до 2 часа пред јадење.
  • За 1 кура на лечење потребно е од 30 до 100 гр. Прополис

8. Прополис мед

  • Прополисов мед се прави така што во 1 кг кристализиран мед се става 20 до 30 гр.
  • Чист и ситен прополис.
  • Од оваа смеса се зема по едно лажиче 2 до 3 пати на ден еден саат пред јадење.

9. Смеша од пчелини производи

  • Се зема 1 кг. кристализиран мед, од 100 до 200 грама полен, 10 гр матичен млеч и 20 до 30 гр. проплис. Се зема по 1 лажице 3 пати на ден на 1 сат пред јадење.
  • Се користи орално за лечење на stomatitis, gingivitis, angina, laryngitis.
  • Локално се применува кај rhinitis, sinusitis,faringitis ...
  • Pitchfork accusamus

Прополисот се применува при лечење

  • Заболувања да дишните органи -rinitis, sinusitis, tonilitis, bronhitis, laryngitis, traheitis, асматичен bronchitis, лесни форми на бронхиекстазија, туберколоза на градите.
  • Заболувања на периферниот нервен систем - radikulitis, ишијас, pleksitis, neuralgija neuritis
  • Кожни заболувања - Neurodermitis, stafilo и streptodermitis, микотични заболувања, брадавици, микробни екцеми, оштетувања на кожата, гнојни рани, тешко зараснувачки рани фурункула, изгоретини, алопекија, трихофитија, прурига и др...
  • Заболувања на системот за варење - Afta, gastritis, Чиреви, колитис, дисперзија и др.
  • Гинеколошки заболувања - Kolpitis, trihomanas vaginalis, ерозија на грлото на матката, зболување на зглбовите
  • Други заболувања - оштетувања од зрачења, puplitis, paradentopatija, gingivitis, забоболка ...

Резиме

За собирање на прополисот пчелите трошат многу време и енергија. Само ослободувањето на прополисот од нозете не пчелата трае повеке од 1 саат.

Многу испитувања покажале дека прополисот ги уништува микроорганизмите, има одлични антибиотски, антимикробни, антигугиционални и антибактериски својства. Тој е многу корисен за човекот како одличен природен антибиотик.

При примената на прополисот не доаѓа до појава на резистенција и многу мал број на луѓе се преосетливи на прополис.

Прополисот нашол широка примена како лековито сретство за лечење на повеке заболувања
  • Ги лекува оштетувањата на кожата, на устата, желудникот и цревата.
  • Успешно помага при лечење на разни видови екцеми, рани, ранички, посекотини ...
  • Помага при дезинфекција на устата, при лечење на дишнте патишта, настинки.
  • Помага прилечење на парадентоза.
  • Помага при лечење на разни заболувања на органите за варење (чиреви на желудникот и дванаесетпалачно црево), хемороиди ...

Со еден збор кажано се смета дека прополисот е лек на иднината.