skip navigation

Матица

Почетна / Матица
Матица

МАТИЦИ

Матицата ја викаме и кралица, и како и секоја кралица мора да се избори за својот статус во кошницата. Зборот матица исто така означува - матица мајка- што и е во пчелната заедница. Интересно е тоа што и матицата и пчелата работничка произлегуваат од исто јајце со таа разлика што за разлика од јајцето кое ќе стане пчела работничка, јајцето кое е предодредено да биде матица, цело време се храни со млеч. Кога ќе се испили матицата, нејзина прва работа е да ги уништи преостанатите матичњаци а доколку има и друга матица тогаш настанува борба во која едната ја убива другата, Се случува понекогаш да се најдат по две матици во едно друштво но тогаш постарата матица го напушта пчелното друштво со одреден број на пчели (роење).

Работа на матицата е да неси јајца во што поголем број и со тоа го одржува пчелното семејство во кондиција. Несењето и го овозможува органот кој го немаат пчелите работнички - јајници, До јајниците се наоѓа семена сесица која служи за складирање на спермата после парењето со трутовите.

Со разни испитувања во светот се дошло до закључок дека во семената кесица можат да се складираат околу 8 000 000 сперматозоиди. Према големината на семената кесица зависи и квалитетот на матицата. Квалитетната матица неси јајца во голем број што резултира со јака заедница која е способна да го брани своето друштво и да зобере поголема залиха од храна. Иначе работа на матицата е да несе јајца а се останато во пчелната заедница обавуваат пчелите работнички. За време на една сезона, една матица може да снесе и до 200 000 јајца или откако ќе се развијат во пчели, околу 20 кг. пчели,


Матица

ОПЛОДУВАЊЕ НА МАТИЦИ

Природно оплодување

Матицата откако ќе излезе од матичникот оди на „свадбен лет“ или на оплодување. Оплодувањето се извршува од група на трутови кои откако ќе ја оплодат угинуваат.Обично тоа се случува помеѓу четвртиот и седмиот ден од испилувањето. Првото занесување на матицата откако ќе се оплоди е околу четвртиот ден. Ако знаеме со сигурност кога ќе се испили матицата, тогаш проверката за да видиме дали се оплодила и дали започнала со полагање на јајца ја правиме десеттиот ден.

Вештачко оплодување

За оплодување на матицата по вештачки пат, спермата се зема од еден или повеќе трутови. Тоа е прецизна работа бидејќи спермата на трутот е обвиена со тенка кесичка која треба да се пробие за да се земе спермата.

Вештачки оплодените матици пчелите ги заменуваат со тивка смена и тоа за многу бргу време. Едноставно пчелите знаат дека матицата не е оплодена по природен пат и ја заменуваат.

Вештачки оплодените матици се користат искључиви за производство на селектирани матици во понатамошните постапки. Но како што вели Александар Узунов од „АПИЦЕНТАР“ доволни се десетина јајца за понатамошна селекција. Селекција во однос на хигиената вршат така што на еден картон отвораат отвор со димензии (5,3 х 5,3цм) во кој опфаќа 100 ќелии. Од нив со игла се убиваат 50 поклопени ларви, и пчелите треба за 6 часа да исчистат 20 % а за 24 часа над 60% за да влезе во избор за семејство од кое ќе се произведуваат матици.

Но не се прават само овие анализи, се следи и леглото, отпорноста на болести и количината на собран нектар.

текстот „ОПЛОДУВАЊЕ МАТИЦИ“ го подготви pcela.mk во соработка со Васко Карадакоски - Битола и Александар Узунов - АПИЦЕНТАР - Скопје


Матица

ПРОИЗВОДСТВО НА МАТИЦИ (по Шливич)

Еве еден лесен и едноставен начин за добивање матици.

Во еден празен сандак ставаме рамки со мед, полен и правилно изградени рамки. Потоа од одбрано пчелно семејство од кое сакаме да ги правиме матиците, ја земаме матицата или ја стресуваме во новиот сандак.

На сандакот поставуваме матична решетка. Над тој сандак, над матичната решетка го го поставуваме наставокот од каде што сме ја зеле матицата. Овие два наставци ги поставуваме на местото каде што беше сандакот со матицата. Матицата три дена ќе неси во празниот наставок. Четвртиот ден ја враќаме матицата во горниот наставок а на местото од матичната решетка поставуваме преградна даска на која отвараме помошно лето. Сите излетнички ќе се вратат во долниот наставок каде се нанесени јајцата а пчелите се обезматичени. Сега тука има добри услови да се извлечат квалитетни матичњаци на повеќе рамки со иста старост.

Со тие рамки на кои има матичњаци формираме нуклеуси или оплодњаци и добиваме повеќе квалитетни матици.

Васко Карадакоски