skip navigation

Медоносни растенија

Почетна / Пчеларење / Медоносни растенија

The world best quality of product and Training, for Beekeeping with Bee!

Багрем

1. Багрем

Багрем (Robinia pseodoacacia L.) Багремот цвета во мај и е една од главните паши во источна и средна Македонија. Во западна Македонија послабо меди бидејќи над 700 m. надморска височина дава многу слаби резултати. Цветовите на багремот најмногу лачат нектар на темптература од 20 до 25 C под услов утринската темптература да не е помала од 16 С. Медот од багрем е со светла боја, проѕирен, со многу пријатен вкус и мирис. Спаѓа во редот на најфини медови. Многу долго останува во течна состојба, понекогаш и неколку години.


Питом костен

2. Питом костен

Питом костен (Castaneia sativa L.) Питомиот костен цвета во јуни, и трае повеке од 20 дена. Кога времето е топло и има доста влага во почвата и воздухот, пчелите за кратко време можат да го наполнат медиштето со мед. Цветовите се многу осетливи на ладни дождови и попло и суво време затоа што има плитки цветни чашки. Медот е со темно кафеава боја, со одредена горчливост, и затоа на нашиот пазар слабо се продава за разлика од западните земји каде е многу баран.


Липа

3. Липа

Липа (Tilija sp.) Постојат три врсти на липа: бела или сребрена липа, крупнолистна и ситнолистна. Почетокот на јуни прва цвета крупнолостната а одма по неа ситнолистната и нивното цветање трае по 10 дена. Одма после нив цвета белата липа кое трае околу 15 дена. Во некои години кога липата слабо нектари може да се појави медлика на листовите и пчелите да соберат повеке мед од медликата отколку од нектарот. Медот од липа е со одличен квалитет,со светла боја и интензивен мирис на липа.


Бела детелина

4. Бела детелина

Бела детелина (Trifolium repens L.) Белата детелина е повекегодишна билка која расте на ливади, стрништа, пасишта, покрај патишта итн. Цвета од мај до касно во есен. Нјдобро меди на темтература околу 25 С и трае околу 20 дена и за тоа време во добри години пчелите можат да ги наполнат кошниците со првокласен мед. Медот од бела детелина е светол, со пријатен вкус и мирис. Брзо кристализира во трда ситнозрнеста маса.


Глуварче

5. Глуварче

Глуварче (Taraxacum officinale L.) Глуварчето е зелјесто растениесо жолти цветни главици. Успева на секакво земјиште но најмногу му одговараат влажни ливади. Го среќаваме насекаде, по ливади, покрај патишта, паркови, запуштени ниви и тн. Главното цутење на глуварчето е во април и трае до половината на мај. Понекогаш се појавува и на есен но во помал број. Глуварчето дава изобилство од полен но и нектар така да пчелните друштво на оваа паша се развиваат многу бргу. Со нектар некогаш може и да потфрли но со полен никогаш. Медот од глуварчето е со златножолта боја, со пријатен фкус и многу бргу кристализира.


Маслодајна репка

6. Маслодајна репка

Маслодајна репка (Brassica napus var. Oleeifera) Maслодајната репка е едногодишно растение кое се одгледува на големи површини. Почнува да цути кон средината на април. за пчеларството е од големо значење бидејќи уште во рана пролет дава изобилство на нектар и полен. Но бидејќи во Р.Македонија се одгледува претежно како сточна храна и се коси во екот на цутењето, пчелите неможат до крај да ја искористат оваа паша. Цветовите се со јака жолта боја и се отвараат постепено па така пашата трае и до 4 недели. За време на цутењето пчелите градат беспрекорни сотови па така оваа околност треба да се искористи за замена на старите и поцрнети сотови со нови. Медот е второкласен и со оштар мирис па затоа треба да се меша со фини медови. Брзо кристализира не само во кантите туку и во сотовите.


Пчелинок

7. Пчелинок

Пчелинок, лимонова трева (Melissa officinalis) Oваа билка пчеларите ја одгледуваат во близина на своите пчеларници за да ги тријат сандаците или кошарињата при фаќањето на роеви или кога населуваат нови роеви. Целата билка има јак мирис на лимон кој пчелите многу го сакаат.


Мајчина душичка

8. Мајчина душичка

Мајчина душичка (Тhymas serpullum) Majчината душичка е повеќегодишно жбунче со кожести ливчиња кое е многу отпорно на суши и дава нектар кога останатата вегетација е исушена. Почнува да цути во мај и трае до крајот на јуни. Може да даде обилна паша ако се погоди суво и топло време со повремени врнежи на летен топол дожд. Стоката слабо ја јаде па затоа можеме да сретнеме цели површини покриени со лилави цветчиња. Медот е многу ароматичен со темна боја кој веднаш по цедењето кристализира.


Капинка

9. Капинка

Капинка (Rubus fruticosus L.) Kaпинката е голем трнлив жбун со бујно развиени единки. Почнува да цути кон почетокот на јуни и дава доста нектар. На места каде ја има на големи површини дава средна паша. Медот е првокласен со светложолта боја, со пријатен вкус и мирис.


Дрен

10. Дрен

Дрен (Cornus mas L.) Дренот е дрвенест жбун или мало дрво кое цути во февруар или март во зависност од надморската висина. Расте насекаде, по шуми, ливади,дворови и т.н. Дава доста нектар и полен а за пчеларите е многу интересен бидејќи во природата ова растение прво цути. Лесно се забележува по шумите со своите жолти цветови. Цвета околу две недели.


Врби

11. Врби

Врби. Постојат повеќе видови на врби. Најрано цвета планинската врба (Salix caprea) и цветањето трае околу 15 дена. Нејзините цветови се познати меѓу народот и како "мачиња". Останатите врби цветаат малку покасно но цветањето трае нешто подолго, околу 20 дена што е многу значајно за пролетниот развој на пчелната заедница.. Дава доста нектар и полен.


Леска

12. Леска

Леска (Corulus Avellana L.) Леската е дрвенест жбун кој расте во пониски шуми и покрај ливади. Многу значајно растение бидејќи им дава на пчелите изобилство од нектар уште во февруар. Цветањето трае околу една недела но не секогаш пчелите можат да го искористат поленот заради нестабилното време и појавата на мразеви.


Црн слез

13. Црн слез

Црн слез (malva silvestris) Црниот слез е едногодишна или повеќегодишна билка. Расте покрај реки, влажно земјиште, но често може да се сретне и покрај патишта и стрништа. Расте во висина до 80цм. Листовите се округли, срцевидни или во бубрежна форма, на краевите назабени. Цветовите имаат двојна чашка и од 3 до 5 пругасти линии. Бојата на цветовите зависи од сортата и се движи од плава до љубичасто црвена. Цвета од мај до септември. Изобилува со полен и во поволни временски прилики со нектар.


Еводија

14. Еводија

Еводија - Еводијата е тропско дрво кое успешно расте и кај нас. Во тропските предели достигнува висина до 20м а кај нас до 7м. Расте со голема крошна, листовите се слични на листовите од јавор а кората е слична како на буката. Цвета од крајот на јули до крајот на август. За пчеларите битен податок што цвета во беспашниот период а дава 2-3 пати повеќе нектар од багремот. Ова дрво кое процветува после 4-5 години од сеењето треба да се сади на секое слободно место околу пчеларникот.