skip navigation
МЕД

МЕД

Медот е храна произведена од медоносните пчели од нектарот на цветовите или од секретот од живите делови на растенијата (шумски мед), Има повеќе врсти на мед: цветен, ливадски, од овошни сокови, медлика (шумски мед) и др. Нектарот од цветовите или медликата кога се во природа содржат голем процент на вода. Пчелите работнички кога го собираат, почнуваат со негова преработка уште во медниот желудник. Кога ќе го слкадираат нектарот во восочните ќелии почнуваат со негова дехидрација. Тие неколку пати го преместуваат нектарот од ќелија во ќелија за да го забрзаат испарувањето на водата. Кога овој процес ќе заврши и кога медот е ,,зрел” пчелите го затвораат со восочни капачињја. По некои пчелари медот може да се цеди кога е затворена една третина од медот со восочни капачиња.

Природниот мед кристализира. Секој природен мед после извесно време кристализира. Зависно од условите во кои се чува најбрзо кристализира медот од медлика или шумскиот мед (3-4 месеци) а најспоро багремовиот мед кој останува во течна состојба до година и повеќе.

Медот е најсварлив прехрамбен производ, Илустрација за тоа е дека организмот на човекот го усвојува без остаток (100%), Енергетската вредност на 1 кг, мед изнесува 13 800Ј а специфичната маса околу 1,41-1,45 при температура од 20 степени Ц. Исто така медот содржи состојки кои итекако му се потребни на човечкиот организам, какоЧ гликоза, фруктоза, органски киселини, ферменти, минерали. Во медот е откриена и фолна киселина. која е многу битна за растење на организмот бидејќи ја подобрува крвната слика. Освен инвертен шеќер медот содржи и супстанции неопходни за нормален живот, на пр. ферменти без кои организмот потполно заслабнува.

Мед Honey
Капка мед содржи повеќе од сто различни материи, многу важни за човечкиот организам.

По бројот на ферменти медот е меѓу најважните прехрамбени артикли. Познато е дека по содржината на микроелементите и минерали во медот (магнезиум, железо, калиум, калциум, манган, цинк, кобалт, бакар, натриум идр) е еднаков со оној во плазмата на човековата крв. Медот од пчели е многу богат и со органски киселини (јаболкова, винска, лимонска) а бидејќи во него има и поленови зрнца, содржи и белковини и витамини Медот се продава на пазарот цеден или во пита кој е вистински специјалитет. За хранливоста и лековитите својства на медот ќе се запознаете во другите рубрики.