Прескокни до содржината
ПОЛЕН

ПОЛЕН

Поленот има големо значење во исхраната на пчелите. Без него пчелите не би можеле да се размножуваат. Исто така поленот има повеќе функции во пчелното друство а тие се:

  • произведување храна за пчелното легло
  • произведување на матичен млеч
  • произведување на восок
  • пчелите исто така имаат потреба од полен за сопствена исхрана

Пчелите во текот на една година трошат за сопствени потреби околу 30-40 кг. полен. За да донесе во кошницата еден грам полен, пчелата треба да направи 50 излети. Пчелите го складираат поленот во ќелиите од саќето каде го потикнуваат да ферментира и потоа го затвараат со тенок слој на мед. Вака складираниот полен се вика перга.


Полен - Bee Pollen

Поленот се собира главно на три начини:

  • директно од цветовите на билките со тресење
  • симнување од поленовите корпички на пчелите кога се враќаат од паша со разни направи – фаќачи на полен
  • со вадење на перга (пчелниот леб) од ќелиите на саќето

Слични производи