skip navigation
ВОСОК

ВОСОК

Восокот веднаш по лачењето се стврднува и е бел по боја. Меѓутоа восокот во саќе преминува во жолта, а понекогаш во портокалова или зеленкаста боја, зависно од поленот кој го внесуваат пчелите работнички.

Кога саќето се користи подолго време, поготово во плодиштето и од него се имаат изведено неколку генерации пчели тоа поцрнува, ќелиите стануваат се помали и самото саќе станува се потешко.

Квалитетот на восокот зависи најмногу од староста на саќето.
Колку е саќето помладо, восокот е поквалитетен и обратно.

Восокот се топи на температура од 64 степени целзиусови. Неговата специфична состојба на температура од 20 степени целзиусови изнесува 0.958.


Восок - Honey Wax

НАЈПРАКТИЧНО ИСПИТУВАЊЕ НА ВОСОКОТ (дали е фалсификат)

  • Мало парче восок, со големина на лешник, го ставаме во празна чаша и полека дотураме вода, до половина на восокот, колку да се одлепи од дното (восокот е полесен од водата)
  • После тоа, во тенок млаз, покрај ѕидот на чашата дотураме чист алкохол (96%) се додека восокот не се спушти на дното (оваа смеса е полесна од восокот).
  • Го вадиме парчето восок (за кое сме сигурни дека е чист) со чечкалица и на негово место ставаме исто толкаво парче од восокот кој сакаме да го испитаме.
  • Ако ова парче не потоне тогаш тоа е сигурен знак дека во овој восок има други примеси (парафин, церезин, лој и тн.). Чистиот восок мора да потоне