skip navigation

Технологија на пчеларење

Почетна / Пчеларење / Технологија на пчеларење

The world best quality of product and Training, for Beekeeping with Bee!

Багрем

Технологија на пчеларење

  • Органско пчеларење
  • Зазимување на пчелите
  • Работа со ЛР
  • Одземање на матицата пред главна паша
  • Да го продолжиме животниот век на пчелите (долговечни пчели)

ОРГАНСКО ПЧЕЛАРЕЊЕ

Во современиот свет веќе десетина години и повеќе се спроведува еколошко или органско производство на храна од растително или животинско потекло, кое се состои од следното:
  • Зачувување на квалитетот на земјиштето, водата, воздухот, флората и фауната.
  • Искоренување на навиката на употреба на вештачки, синтетички и хемиски материи, селекција на растителни и животински врсти на кои ќе се заснова одреден вид на органско производство во правец на прилагодување и отпорност на болести.

Меѓутоа поради зголемување на интензитетот на земјоделското производство а со цел добивање на поголемоа количина на храна, се користат нови високородни сорти и хибриди кои се генетски модифицирани а присутна е и голема употреба на хемиски синтетички препарати. Таквиот начин на производство на храна можат да предизвикаат најразлични пореметувања во биолошката рамнотежа во агроекосистемот, да предизвикаат негова деградација, а можат посредни или непосредно да го загрозат здравјето на човекот.

Целта на органското производство на медот и другите пчелни производи, не е во количината туку во нивната здравствена исправност. По својот изглед, вкус и хранливата вредност, органски произведениот мед не мора да се разликува од конвенционалното произведениот, но во поглед на здравствената исправност постојат многу битни разлики.

Органскиот начин на пчеларење, инсинстира на минимална интервенција на пчеларот. Како еден од првите предуслови за органско пчеларење се наведува изборот на расата на медоносната пчела.

Значи во обзир треба да се земе способноста на инсектите да се прилагодат на локалните услови на животната средина, нивната виталност и отпорност на болести. Предност и се дава на европската раса Apis melifera и нејзините локални екотипови, како што е нашата Apis mellifera carnica и нејзините екотипови. Во органскиот начин на пчеларење се забранува уништување (убивање) на пчелите, сечење на крилата на матицата како и уништување на трутовите, освен кога се работи за зараза од вароа. Просторот на кој се наоѓа пчеларникот и површините под медоносни растенија кои ги посетуваат пчелите треба да одговараат на условите за органско производство, што е регулирано со прописите за органско производство. Пчеларниците мора да бидат најмалку три километри оддалечени од земјоделските и индустриските загадувачи. Од ова правило може да се отстапи само во период на зимување.

Вештачката прихрана е дозволена во периодот од последната паша до 15 дена пред наредната сезона. Шеќерот кој се користи за прихрана, исто мора да биде од органско потекло.

Превенцијата од болести во органското пчеларење се состои во селекција на раси и сорти кои се отпорни на болести, како што се на пример редовна замена на матиците, редовна дезинфекција на сандаците и опремата, редовна замена на восокот, и обезбедување на доволна количина на полен и мед во сандаците.

Восокот мора да биде од органско потекло, кој се добива од поклопците на ќелиите со мед. Сандаците треба да бидат заштитени со еко боја или со ленено масло. Третирањето против вароа е дозволено искључиво со органски киселини (мравја,оксална, млечна киселина).

Период од 3-4 години, колку што трае конверзијата е доволно време да се премини од конвенционално кон органско пчеларење.


ЗАЗИМУВАЊЕ НА ПЧЕЛИТЕ

КОГА ЌЕ НАСТАПАТ ЗИМСКИТЕ ДЕНОВИ НА ПЧЕЛИТЕ ОБЕЗБЕДЕТЕ ИМ МИР ВО КОШНИЦИТЕ И НА ПЧЕЛАРНИКОТ И ИЗБЕГАВАЈТЕ СЕКАКВО НЕПОТРЕБНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА ПЧЕЛИТЕ

Кога пчелите во зима се вознемират, тие реагираат со земање на храна.Со тоа ги оптеретуваат органите за варење на храната, па неретко такви друштва страдаат.До колку добро и исправно ги зазимивте своите пчелни семејства шти ви е и должност, нема потреба од вознемируање на пчелите.До колку тоа не сте го направиле, во зима тоа нема да го поправите,па затоа не ги вознемирувајте. Евентуалните грешки кои сте ги направиле,пчелите до некаде ги исправиле а секоја покрупна грешка, значи страдање на пчелното семејство.Ваша единстена задача во текот на зимата е да се грижите да обезбедите мир на пчеларникот, и евентуално чистење на летото како би се обезбедило влез на свеж воздух во кошницата.Снегот од кошниците не треба да се чисти, бидеќи тој служи како додатен изолатор на кошницата.Повремено пред да почнат температурите да растат, пред кошниците се посипува слама или нешто слично за пчелите кога се враќаат од прочисен лет да не паѓаат на снегот, што за нив можи да биди кобно.

Зазимувањето на пчелите кај пчеларите предизвикува страв за тоа дали пчелите ќе презимат или не, потоа дали оние кои ќе презимат ќе се развијат во доволно снажни заедници.Важна работа за зазимувањето е да се зазимуваат јаки пчелни семејства.Слабите семејства трошат повеќе храна и енергија за загревање на клубето, па затоа пред зимата таквите пчелни семејства треба да се спојуваат кон јаките или средно јаките, како би добиле јаки семејста, способни за нормално презимување.Поголем број на пчелари кои барем еднаш зазимиле пчелни семејства,знаат дека само јаките пчелни семејства со доволно храна и вентилаиција на кошницата успешно ќе презимат. Влажниот воздух подобро ја спроведуа топлината од сувиот воздух, па пчелите непосредно го загреваат само клубето, додека ладниот воздух влегува од сите отвори на кошницата, првенствено од летото.Сите овие работи не треба да се забораат при зазимувањето на пчелните семејства.Многу пчелари грешат кога при затоплувањето на кошниците буквално ја оневозможуваат циркулацијата на воздух во кошницата. Правилно зазимена кошница треба да има циркулација на воздух скоро како и во летниот период.Самото затоплување на кошницата, доаѓа до израз кога матицата ќе почни со несење на првите јајца.

Во тој период, кога температурните разлики меѓу ноќите и деновите се поголеми потребно е додатно затоплување на кошницата, така што пчелите нема дење да го шират а ноќе да го стеснуваат клубето, при што можи леглото да остани на ,,ладно”.Освен тоа на јаките и здрави пчелни семејста кои се правилно зазимени потребно им е помалку храна која ќе ја трошат за загревање на клубето. Кај јаките пчелни заедници проблемите со иззимувањето се минимални.Има случаи кога пчеларите, во зависност од типот на кошниците ставаат еден наставок или полунаставок на подницата.Со тоа пчелите се оддалечуаат од летото, односно од директниот удар на ладен воздух од летото. Влагата која се јавува во кошницата не паѓа по пчелите и по саќето, туку во празниот наставок или полунаставок. Влага се појавува на крајните рамки покрај самиот зид на кошницата.Со вадење на крајните рамки се овозможува струење на воздухот околу крајните рамки и зидовите на кошницата а со тоа појавата на влага се сведува на минимум.


КОГА ДА ГИ СПРЕМИМЕ ПЧЕЛИТЕ ЗА ПАША

Пчеларите кои го пратат почетокот на цутењето на сливата, кајсијата, вишната и друга флора или дендрофлора, можат приближно точно да го одредат почетокот на главната паша.

Така на пример, од цутењето на сливата до почетокот на цутењето на багремот поминуваат 42-47 дена, а од цутењето на вишната до багремот 35-40 дена. Во оваа проценка може да се погреши неколку дена а тоа ќе зависи од климатските услови во тој период.

Во нашите климатски услови багремот започнува да цути околу 15 мај и меди приближно до 25 мај.

За да го погодиме правото време кога ќе треба да ги развиеме пчелните заедници, потребно е да се знае дека развојот на пчелата трае 21 ден, а во текот на главната паша живее 35-45 дена, од кои 20 дена ги поминува во друштвото како куќна пчела т.е.помошничка, а преостанатите 15-20 дена таа е пчела собирачка т.е.излетничка

Во пракса е докажано дека оние пчели кои ја дочекале главната паша биле снесени (залежани) пред 55 дена.

Ако сакаме да имаме постари пчели на багремот кои ќе збираат 5 дена, истите пчели треба да бидат испилени(излежани) на 14 април т.е.матицата ги снесла на 24 март. Тоа важи за постарите пчели кои работно ќе го искористат почетокот на главната паша.

Покасно излежаните пчели кои ќе ги искористат другите 5 дена мора да бидат испилени на 17 мај, а снесени на 26 април. Значи ако багремот цвета меѓу 15 и 25 мај најпродуктивни ќе бидат оние пчели кои матицата ги залежала од 24 до 26 април.

Од овој пример може да се заклучи дека пчеларот треба во текот на годината, а посебно во време на главните паши да ја одржи старосната структура на пчелите во производните заедници, а тоа може да се постигне:

  • Со познавање на медоносната флора т.е. почетокот на цутењето и времетраењето на главните паши во регионот каде што се пчелари.
  • Со правовремено стимулативно-надражајно прихранување на пчелните заедници во кои покасно т.е.во текот на главната паша ќе има доволно пчели собирачки кои во поволни климатски услови,ќе можат да ја искористат главната паша.

РАБОТА СО ЛР

ВОВЕД

Со овој текст и колор цртежи сакам да им помогнам на младите пчелари, а и на оние со помалку искуство, како би извршиле навремени интервенции од кои зависи успехот во пчеларењето. На одреден начин текстот со цртежите го покажува текот на случувањата во пчелните семејства за полесно да се разбери зошто одредена работа мора да се изврши во одредено време за да не ги загрози нашите оправдани очекувања.


РАЗВОЈОТ ТРЕБА ДА СЕ СТИМУЛИРА

Кон крајот на јануари матицата ги полага првите јајца.Во тоа време за развој се користат залихите во кошницата затоа што се уште нема паша. Кон крајот на Фебруар, а особено во Март, при поволно време пчелите собираат полен. Пчелната заедница во тоа време почнува да се појачува. Во тоа време ние им помагаме со прихрана со шеќерен шербет 1:1 или со погача. Предност има шербетот и тоа 2-3 dl секој ден или секој втор ден. Тргнуваме од фактот дека пет пати појака заедница дава 15-20 пати повеќе мед. Заради тоа е потребен стимулатвен развој : погача во фебруари а шербет кога ќе можат пчелите да одат во хранилката. Тоа можи уште во втората половина на Март. Потребата од прихрана доаѓа до израз во април кога дневната потрошувачка достигнува од 30-50 dg.


ЗАМЕНА НА МЕСТАТА НА НАСТАВОЦИТЕ

Кај ЛР кошниците во почетокот или кон средината на април вршиме замена на местата на наставоците. Во наставокот кој бил на подницата ставаме 1-2 рамки со зрело легло. Дотогашниот горен наставок го ставаме на подница а на негово место наставокот кој беше долу на подница.

Тоа е првиот чекор во борба против роењето, бидеќи го проширивме просторот каде што матцата ќе неси. Но тоа не смееме да го правиме ни прерано ни прекасно. Тоа го правиме кога пчелите ќе почнат да преминуваат на првата и десетата рамка. Пчелите сега ќе мораат да загреваат поголем простор, па затоа замената не смее да се изврши порано. Прекасната замена пак, можи да доведи до роев нагон во пчелното семејство.


ДОДАВАЊЕ НА НАСТАВОК

Пчелните семејства кои зимуваа во еден наставок се прошируваат со додавање на втор наставок. Ако немаме изградено саќе, додаваме наставок со сатни основи.Во тој случај во тој наставок додаваме две рамки со зрело легло бидејќи матицата нема да премини на сатните основи. На местото од каде што ги зедовме рамките со легло ставаме сатни основи и тоа од двете страни на леглото. Матицата подобро и побрзо ќе занеси на изградено саќе и ако подобро го прихрануваме пчелното семејство.


ДОДАВАЊЕ НА ТРЕТ НАСТАВОК

Сандукот се повеќе се полни со мед, полен и со млади пчели кои нема што да работат. Сето тоа доведува до пореметување на рамнотежата во сандукот.

Матицата го има достигнато својот максимум, а и недостигаат празни ќелии каде би несела јајца. Кај младите пчели се набубруваат млечните жлезди кои не се празнат бидеќи има се помалку младо легло. Младите пчели немаат што да хранат ни што да градат. Во таква ситуација доаѓа до роев нагон и градење на матичњаци кои матицата ги занесува. Да би го спречиле тој тек на настани ние го правиме следното: кога се двата наставци полни со пчели, помеѓу нив додаваме нов со 5-6 основи во зависност од јачината на пашата. Над тој нов наставок ставаме матична решетка, но матицата мора да биди под матичната решетка. На тој начин го разделивме цело гнездо и на подолг рок го одстранивме роевиот нагон. Во средината на новиот наставок ставаме 2 рамки со легло што ќе ја привлечи матцата да продолжи со несење во додадениот простор и да го прошрува леглото.


ИЗДВОЈУВАЊЕ НА МАТИЦАТА

Наместо да додаваме празен наставок во средината можиме да постапиме на друг начин. Ја пронаоѓаме матицата и таа рамка ја ставаме во празен наставок, и додаваме една рамка со мед и полен.Од лева и десна страна додаваме по една изградена рамка. Остатокот го пополнуваме со сатни основи. Тој наставок го ставаме на подница и над него ја ставаме матичната решетка.

Сите рамки со легло ги ставаме во еден наставок и тој ќе ни биди како трет, а во средниот (втор) наставок ќе бидат рамките со мед и празни изградени рамки.

На тој начин ја одвоивме матицата од леглото со што на подолг период го спречивме роевниот нагон. На матицата и оставивме доволно простор за несење, а младите пчели ги запосливме во градење на сатните основи и одгледување на младото легло.


ОГРАНИЧУВАЊЕ НА МАТЦАТА

Десетина дена пред главната паша, во случај кога го додаваме третот наставок, матиицата мора да ја ограничиме на еден наставок, оној на подницата. Во горниот наставок леглото е веќе скоро целото излезено, а од средниот наставок постепено излегува, па така и тој наставок добива функција на медиште. Во долниот наставок матицата е оставена со најмладо легло и со празни рамки што за одредено време ќе и бидат доволни за несење, а младите пчели ќе бидат запослени со одгледување на тоа легло.Во главната паша ќе бидат ангажирани голем број на пчели кои се помлади од 21 ден а некои и помалку од 10 дена со што се зголемува собирачкиот потенцијал на пчелното семејство.


СПРЕЧУВАЊЕ НА РОЕЊЕТО

Постојат три основни методи:
  • да се оддели матицата од леглото
  • да се извади цело легло и пчелното семејство да се остави како гол рој
  • да се извади матицата

ДЕМАЕРОВА МЕТОДА

Оваа метода се темели на одвојување на матицата од леглото.Ако пронајдиме матичњаци, матицата нема да ја бараме, туку една рамка со легло и матичњаци ставаме во долниот наставок, а остатокот го пополнуваме со изградени рамки и сотни основи.Над тој наставок ставаме матична решетка.Во средниот наставок ставаме сотни основи и рамки со мед, а над тој наставок доаѓа наставокот во кој сме го оставиле целото легло и матичњаците.Ако нема паша треба да ги прихраниме заради градење на сотните основи, а и заради тоа да не ги уништат матичњаците. Вториот ден ја бараме матицата во горниот наставок, и ја убиваме.


СТАВАЊЕ НА ПЧЕЛНОТО СЕМЕЈСТВО ВО СОСТОЈБА НА ГОЛ РОЈ

Ако во кошнцата најдиме матичњаци, матицата и пчелите ги стресуваме во наставок со сотни основи, а целото легло го преместуваме во нуклеус или со тоа легло ги појачуваме другите послаби пчелни семејства. Претходно ги киниме или пак ќе ги скористиме матичњаците. Ако матцата е стара ја убиваме, и ставаме една рамка со два матичњаци. После некое време треба да го појачаме со 2 рамки на зрело легло, бидеќи е нарушена структурата на пчели во пчелното семејство.


СПРЕЧУВАЊЕ НА РОЕЊЕ СО НУКЛЕУС

Сето легло и пчелите на тие рамки ги префрламе во нуклеус. Во еден нуклеус ќе биди матицата а во другите матичњаците. Во празното плодиште го ставаме нуклеусот со сето легло и пчелите, а ако треба додаваме уште 1-2 рамки од други кошници, така да имаме 6-7 рамки со легло.Треба да се провери да нема матичњаци.Матицата треба да се заштити од старите пчели во кафез.Ако нема паша треба да се прихрани. На овој начин се прекина роевиот нагон, а снагата на пчелното семејство остана иста.


СТАВАЊЕ РОЈ НА ЛЕГЛО ОД НУКЛЕУС

Ако на крајот од багремовата паша а пред цедење на медот излези рој, тогаш од плодиштето ги вадиме сите рамк со легло и матичњаци и формираме вештачки роеви или нуклеуси. Не смее во кошницата да остани ни една рамка со матичњак. Плодиштето го пополнуваме со легло од нуклеусите на кои нема матичњаци и тоа најмногу 6 рамки, и ги редиме наизменично легло- сатна основа. Потоа ројот го стресуваме во истиот сандук и пчелното семејство повторно е спремно за паша.


ОДЗЕМАЊЕ НА МАТИЦАТА ПРЕД ГЛАВНА ПАША

Матицата се трга од производното друштво, три недели пред почетокот на главната паша, со додавање на стартовани матичњаци. Зошто се прави тоа?

Сето легло кое матицата ќе го нанеси две недели пред главната паша нема да учествува во главната паша, туку само ќе ги исцрпува пчелите за одгледување на тоа легло. Во случај на долготрајна паша, матицата може да се тргне на две недели пред пашата, но тогаш се додаваат затворени матичњаци.

Сето ова се прави да неоплодената матица биде присутна уште во првите денови на пашата, за стимулација на семејството.

Старата матица со сето отворено легло се преместува во најгорниот наставок веднаш под поклопната штица. Под овој наставок се става преградна штица, за долното (производно) друштво се осети обезматичено, и максимално да се грижи за неколкуте матичњаци. Со почнувањето на пашата со преусмерување на летот или на друг начин се одземаат пчелите излетнички од горното пчелно семејство, и со тоа се појачува долното (производно) пчелно семејство.

Со оваа техника на пчеларење се зголемува производната сила на пчелното семејство и истовремено ја заменуваме старата матица без да го ослабиме пчелното семејство.


ДА ГО ПРОДОЛЖИМЕ ЖИВОТНИОТ ВЕК НА ПЧЕЛИТЕ (ДОЛГОВЕЧНИ ПЧЕЛИ)

Продолжувањето на животниот век на македонските пчели е многу важен фактор за добивање на високи приноси во пчеларството. Животниот век е еден од трите важни столбови врз кои се потпира модерното и интензивно пчеларство.

Подолгиот животен век е многу битен за брзиот и сигурен пролетен развој и продукивност на друштвото.

Замислете, какво друшво ќе добиеме ако матицата достигне дневно ниво на несење 1500-2000 јајца, а смртноста на зимските пчели во тоа време за дваесетина дена е сосема мала. Резултатот на тоа е џиновско друштво.

Живониот век на зимските пчели во последно време е се помал и помал, па токму поради ова пчеларите и науката треба да се фатат во борба за спречување на ова зло.

Промената на климатските услови (глобално затоплување, новите техники на пчеларење, се почестиот транспорт, многубојните стресови, новите заболувања кои ги донесе со себе вароата (разни нови вируси и бактерии, како и многуте убоди по телото на пчелите за цицање на лимфата), сето ова придонесе за пократок животен век на пчелите создавајќи кратковечни пчели, со слаба виталност и изгубен имунитет. Како пример ќе го наведам имунитетот и виталноста на нашата пчела во првите години од доселувањето на вароата на овие простори. Тоа беше пред триесетина години, кога едно пчелно друштво можеше да остане живо и со 12.000 варои во него, додека денес тоа со сигурност изумира ако во зимскиот период има 3.000 варои. Ова зборува дека виталноста на нашите пчели (apis mellifera macedonica) опаднало четирипати, а животниот век е намален најмалку за една третина. Зимни пчели во друштвата немаме веќе во втората половина на месец март, а честопати во март може да се најдат друштва со „една рака пчели“ (околу 500) и млада есенска матица. Тука не се работи за матица со лош квалитет, туку за пореметување во природата и животот на пчелите нападнати од сите страни со непријатели, вклучувајќи го и пчеларот.

За да бидам подобро разбран ќе се вратам во времето на мојата рана младост, некаде пред 50-тина години. Тогаш, во времето од 25-ти декември до 20-ти февруари многу често имаше наврнато и повеќе од 60 cm снег, темературата беше под нулата, а ваквите временски услови траеа до месец март. Леската цветаше некаде кон крајот на февруари-март, а бадемот кон крајот на март-април. Ова време, со вакви зими како и времето на цветање одамна го нема во нашите краеви.

Во мојот пчеларник, минатата 2009 година пчелите носеа полен од 14-ти јануари, па натаму, а оваа година тоа се случи многу порано, уште во декември. Леската расцвета околу 25ти декември, а бадемот околу 15ти јануари. За жал, пчелите не можеа да ги посетат, затоа што температурите беа оприлика околу 13°С, но тоа не беше доволно за летање и медење.

Ваквото многу рано цветање се случува поради промената на климатските услови (глобалното затоплување), а тоа придонесува растителниот свет порано да се разбуди од зимскиот сон и да цвета. Тоа рано цветање не можат да го пратат нашите пчели (apismellitera macedonica), па затоа доаѓа до еден голем расчекор (природа-пчела).

Пролетниот развој на медоносните пчели не го поттикнува само зголемената температура и цветањето во природата, туку и зголемувањето на денот и континуирано повишената дневна и ноќна температура.

Раните цветови ги залажуваат пчелите да излезат, а времето во текот на денот е многу променливо. Тоа се менува и за неколку минути (на пример, сонцето грее и наеднаш се крие зад некој поголем облак, а температурата нагло паѓа за неколку степени), па голем број на пчели се укочуваат, остануваат надвор и умираат. Поместувањето на времето на цветање (т.е. предвременоtо цветање) ги прати растенијата преку цела година, така што цветањето во есен порано завршува и нема цветен прав. Немањето на полен е голем хендикеп за развој на пчелното друштво во текот на есента, па тоа влегува во зимата со помалку и истрошени пчели. Ваквите пчели се кратковечни и не можат да ја дочекаат пролетта и не може да се изврши нормална замена на зимските пчели со ранопролетните и работа na zimskite i proletni во ист временски период (во тек на март-април), а со тоа да формираат многубојно и јако друштво во раната пролет.

Во последно време често се случува изумирање (исчезнување) на зимските пчели кои го оставаат започнатото легло само и изумрено. Друштвата изумираат уште во март, без пчели во кошницата, а притоа оставаат голема количина на мед.

Оваа година се случи нешто што претходните години беше изразено во помала форма и беше потешко да се забележи. Како дојде до оваа појава? Есента и зимата до крајот на месец јануари беа со доста високи температури, расцветаа раноцветните растенија, а тоа ги подлага пчелите да почнат многу порано со легло. Друштвата со млади матици (оплодени кон крајот на летото во текот на месец септември), воопшто не престанаа со несење. Овие друштва многу рано развија легла, потрошија доста храна. Одеднаш кон крјот на месец јануари и почетокот на месец февруари настапија многу ниски температури (-15°С до -20°С), кај пчелите настапи голем стрес, па мораа да го стеснат клубето, а со тоа најмладото легло остана непокриено. Пчелите толку многу се поврзани со своето легло, па собирајќи се околу најзрелото легло се створи непремостливо (смртоносно) растојание помеѓу клубето и резервите на мед (медната капа), а со тоа и изумирање на целото друшво или голем дел од истото. Резултатот од ова беше наполнети подници на кошниците со изумрени пчели. Во некои друштва остана еден дел од пчелите кои најверојатно биле прилепени на дел од медната капа и спасени со повторното затоплување. За вака оsлабеното пчелно друштво не само што е промашена главната пролетна паша, туку и целата пчеларска година. Ова се случи кај послабите и кај средно развиените пчелни друштва, додека јаките друштва успешно го пребродија овој проблем „ЗА ЈАКИТЕ ПЧЕЛНИ ДРУШТВА НЕМА ЛOШИ ЗИМИ“.

Краткиот век на пчелите доаѓа и од презагаденоста на природата (вода, возух и почва), како и од многуте нови заболувања на пчелите кои ги донесе вароата и од честите и далечни преселувања на пчелите (пример, се носат пчели за опрашување од Австрија во САД). Голема улога за многубројните нови заболувања во светот, па и кај нас има користењето на пчелни произвои од Источно-азиските земји за прихрана на нашите пчели (нашиот пазар, па и пазарите во сосените земји тежат од кинески полен, млеч, мед, гликоза и др.). Преку овие производи и недоволната едукација на нашите пчелари дојде до пренесување на многу болести, а посебно на вирусните заболувања.

Овде ќе ги набројам вирусните заболувања кои кај нас воопшто не постоеле, а сега се доста распространети и ни создаваат огромни проблеми, а тоа се: вирус на деформирани крилја (DWV), вирус на црн матичник (BQCV), вирус на акутна парализа (ABPV), вирус на хронична паролија (CBPV),ka{mirski virus(KBV) израелски вирус (IV). Овде мора да се додаде и доста опасната болест нозема церана (nosema ceranae) која направи голема смртност во нашите пчеларници и во светот, посебно уништувајќи ги европските пчели.

Од ова може да се извлече една препорака за пчеларите како заклучок: При изработката на препарати за прихрана на пчелите користете пчелни производи од вашиот пчеларник и друштва за кои сте сигурни дека се здрави. Не користете туѓи производи, а посебно не оние увезените.

Од пчеларските списанија доаѓаат вести дека смртноста во зимата во минатата 2008 година (при нормален секојгодишен процент на заразеност со вароа) била многу голема во доста земји (САД 80%, Франција 60%, Шпанија 90%, Велика Британија 80% и др.). Се уште не е докажано од што дошло до толку голем процент на смртност, иако на тоа работат многу Институти за пчеларство во светот. Некои го нарекоа „CCD“, некои со „Бродот на Мариа Целесте“, а некои со чума кај пчелите.

Инсектите се најдобриот барометар за загаденоста и случувањата во природата. Во некои Западно-европски земји почна да се мери загадувањето на воздухот во поголемие индустриски комбинати со помош на пчелните друштва и со секојдневно испитување на парче мед од нивната кошница.

Пчелите се најкорисни од сите инсекти за природата и човештвото. Алберт Ајнштајн рекол дека човештвото без пчели ќе го снема за 4 години, мислејќи на недоволното опрашување, намалувањео на храната и изумирањето на голем дел од растителниот свет кој се размножува со опрашување.

Најновите вести кои доаѓаат од Велика Британија не се ни малку светли. Се вели дека пчелите во Велика Британија, а и секаде во светот со ова темпо на делување врз нив ќе ги снема за 10 години. Колку ќе се изгуби со тоа снемување ќе видиме od slednoto: Ако се погледне податокот од САД во кој се кажува дека профитот од пчеларството кој го остваруваат пчеларите во оваа земја е 140 милиони долари, а зголемувањето на приходот благодарение на опрашувањето со пчелите е 19 милијарди долари. Овој податок доволно јасно кажува дека секоја земја треба максимално да обрне внимание на развојот на пчеларството, а од него користа не е само опрашувањето, туку уште поголема е користа од здравата и биолошки чиста храна за човештвото.

Сите пчелни производи се користат и за одржување на човечкото здравје и лечење (апитерапија), односно, тие се повеќе ќе бидат лек на иднината. За брзо време пчелите ќе бидат неизоставен дел од модерните оранжерии и градинарски плантажи и кај нас, затоа што пчелите со опрашувањето го зголемуваат приносот на земјоделските култури за 30%-70%.

Се повеќе се развиваат нови техники на пчеларење, а со тоа уште повеќе се скратува животниот век на пчелите. Наездата од нови заболувања значително ја намали јачината и бројот на пчелните семејства. Пред 80-тите години на минатиот век секое селско семејство во својот двор имало одреден број на кошници, а сега тоа е реткост. Ги нема ни во природата (во шупливите дрвја, пештерите, во бртвите, дупките во бреговите долж течението на реките и др.).

Многу хемиски видови на заштита (отрови) за растителниот свет доведоа до се помал број на пчелни семејства, кои се недоволно отпорни на заболувања и се слаби по бројност.

Интензивното и непрекинато развивање на пчелното друштво бара многу енергија во активниот (летниот) период. За едно деноноќие може да се изведат и до 2.000 млади пчели, а за тоа треба здраво и витално друштво. Животот на пчелите во денешно време е доста напорен и многу зависи од чистотата на храната која ја користат. Цветниот прав е една од најважните хранливи материи во исхраната на пчелите за должината на животниот век. Поленот е многу загаден со хемиски препарати (т.е. затруен), а тоа се пренесува во пергата за во зимата и придонесува за поголема смртност во зимскиот период.

Ана Маурицио, после 11 години напорна работа издвоила 3 групи на цветен прав во зависност од неговото биолошко дејство:
  • Слабо квалитетен цветен прав (бор, бреза, ела, пченка, ориз и др.)
  • Средно квалитетен цветен прав (јавор, топола, даб, глуварче и др.)
  • Многу квалитетен цветен прав (растенија со коскен плод, круша, јаболко, врба, маслена репа и др.)

Во основа, цветниот прав од медоносните растенија во природата каде нема хемиски третирања е квалитетен. Пергата во ќелиите е запечатена и ферментирана, а е обогатена i со сосема нови квалитетни особини, има поголема ефикасност и трајност и многу аминокиселини и излачувања од жлездите на пчелите.

Влијанието на цветниот прав и пергата (пчелин леб) е: новоиспилените пчели во едно нормално семејство (матица, пчели и легло), почнуваат да се хранат со цветен прав, а како резултат на тоа се активираат млечните жлезди кои почнуваат да лачат матичен млеч и со тоа ја започнуваат улогата на хранителки на леглото и матицата.

Одгледувањето на леглото и хранењето на матицата со матичен млеч е најнапорната работа на пчелите работнички и тоа допринесува за нивното истоштување и брзо стареење. како резултат на тоа летните пчели живеат околу 35 дена. Кога ќе се прекрати овој процес на лачење на млеч, односно го нема во првата седмица од животот на работната пчела, таа многу брзо депонира во своето тело резерви од хранливи материи (мрсно ткиво) и на тој начин си го продолжува животниот век. Хранејќи се со цветен прав или перга и мед се формираат т.н. зимски пчели кои се карактеризираат со натрупување на мрсно ткиво и помала содржина ан вода во нивното тело. ваквите пчели презимуваат во пчелното друштво и нивниот животен век може да достигне до 8 и повеќе месеци. Во друштво кое не одгледувало легло, дел од пчелите може да живеат и до една година. Ова треба да го знае секој пчелар за да го искористи во процесот на своето пчеларење при добивање на други пчелни производи или продолжување на животниот век на пчелите.

Работите надвор од кошницата не се толку амортизирачки, повеќе е амортизирачка преработката на нектар во мед. Пчелите најмногу ги амортизира (остарува) преработката на шеќерниот сируп (сахарозата) во мед. При ист вид и иста храна должината на животниот век на пчелите зависи од присуството, односно отсуството на отворено легло. Многу е важно да се знае дека летните пчели кои не одгледуваат отворено легло можат да работат (да собираат нектар и прополис) и живеат повеќе месеци.

Условите за подолг живот на пчелите работнички се должат на:
  • Хранење на пчелите со квалитетен и незагаден цветен прав или перга.
  • Хранење на пчелите со квалитетен и незагаден цветен прав до 8-от ден од животот во леглото е многу важно, додека хранењето после 21-от ден со понеквалитетен полен не покажува некоја значајна разлика.
  • Никогаш не смее да се дозволи гладување за полен како и недостиг од истиот.
  • Замената на поленот со други материи (белковини) никогаш не е адекватно, а во одредени случаи може да биде и многу штетно за пчелите.
  • Рачно собраниот полен е со слаб квалитет.
  • Собраниот полен сушен на сонце е со слаб квалитет.

Пчелите иако можеме да ги поделиме на зимски и летни, не се раѓаат однапред така предодредени. Кај нив постои преобразба, на пример зимските пчели формираат мрсно ткиво, кај нив се развиваат млечни жлезди и јајници кои се појавуваат рано во есента и исчезнуваат постепено до пролетта.

Летните пчели се амортизираат од хранењето на леглото и матицата, живеат отплилика 35 дена, но може да живеат и до 60 дена.

Пчелите кои не се оптеретени со никаква работа во пчелната заедница можат да живеат и до една година.

Одземањето на цело отворено легло во јули и август и додавањето на затворено легло го продолжува животниот век на пчелите.

Пчеларот за да може добро да работи со пчелите треба да ја познава нивната биологија, на тој начин ќе може да ги користи нивните инстинкти, да внимава на нивните потреби и сл. На пример, за успешна подготовка на друштвото за зима и добар пролетен развој на истото, потребно е тоа да поседува 25.000-30.000 пчели. За да се постигне ова, потребно е полен, мед и соодветен број на пчели хранителки.

Хигиенската поиliца рано во пролет одма после првиот лет да се прочисти i aktivira

Една пчела добро ќе биде одгледана ако за неа има 0.13-0.15 грама полен, а тоа е приближно колку содржината на една ќелија со перга. Од оваа количина зимските пчели треба да наталожат масно ткиво, кое во текот на зимата ќе им ги надополнува сите недостатоци од белковини во искраната.

Во втората половина на јануари, а во последните години и порано од тоа, пчелите почнуваат да одгледуваат легло и притоа од природата не можат да користат ништо поради доста променливите и ниски температури. За да не дојде до несакани последици, потребно е во пределот на зимското клубе да има складирано доволно разновидна перга и мед. Практичните испитувања покажаа дека од јуни, па до крајот на февруари во дружтвото треба редовно да има 8 kg перга, па и повеќе. Едно друштво годишно троши 30-40 kg полен кој содржи повеќе од 150 хранливи состојки. многу често во пчелното друштво нема доволно цветен прав, со тоа и белковини, а од нив зависи животот и развојот на друштвото, па затоа треба да се надополнуваат од резервите.


Причините за недостиг на полен се следните:

  • Пчеларникот се наоѓа на терен каде нема доволно растенија од кои се собира цветен прав. Пчеларот треба да го познава растителниот свет околу пчеларникот во радиус од 700-1.000 m за поленот, а до 2.500 m за нектарот. Покрај количините на полен треба да се знае и неговиот квалитет, а во последно време и неговата загаденост (содржина на пестициди, инсектициди, метаболити, фунгициди, хербициди) и повторно ќе го напоменам увозниот полен во нашата земја кој е со доста сомнителен квалитет и е монофлорен.
  • Некои пчели носат мали товари на полен и мака мачат да го соберат, а тоа е знак за лош терен или за пчели кои не поседуваат инстинкт за доволно собирање на полен (генетски недостаток на пчелите). Секое семејство има различни склоности кон собирање на мед, полен, вода, прополис и ла~ење на восок. Треба да одгледуваме пчели коидобро и доволнособираат полен, а тоа лесно ќе го откриеме ако во ист временски период го набљудуваме во пчеларникот работењето на сите друштва. Ќе забележиме дека има друштва кои собираат доста полен, но и такви кои се враќаат без полен кои се многу поретки.
  • Има и друштва кои собираат многу полен, ги блокираат ќелиите околу леглото, па матицата нема место каде да неси. Ваквите друштва се добри, но тука пчеларот треба да ја покаже својата умешност (одземање на рамки полни со перга и додавање на празни изградени квалитетни рамки). Од овие семејства се одземаат рамки полни со со перга и истите им се даваат на друштвата во полош временски период, на пример во есен или во рана пролет. Добриот пчелар треба да има простор и начин на чување на вакви резервни рамки, бидејќи истите се мета на молецот и grabe` на медот од страна на пчелите.
  • Може да се случи во друштвото да има многу ларви на кои им се потребна храна богата со белковини, а во кошницата ја нема. Ова носи тешки последици за друштвата, пчелите се приморани да лачат од своите телесни белковини (од масното ткиво). Ваквата појава многу ги истоштува пчелите и тие за кратко време умираат. Процесот на умирање уште повеќе го засилува присуството на вароата уште во ќелиите пред испилувањето на зимските пчели.
  • Семејствата кои слабо собираат полен не складираат резерви од истиот и со тоа не можат ни оддалеку да ги задоволат своите потреби-изложени се на гладување и живеат кратко. Решение за ваквата состојба е менување на матицата со поквалитетна од неа (во лето) или спојување со drugo друштво (во есен).
  • Недостатокот од цветен прав доведува до неодгледување на трутови или нивна сиромашна исхрана, а со тоа тие ја губат способноста за оплодување и се доста ситни и невитални. За одгледување на трут друштвото употребува 5 пати поголема количина на цветен прав и мед, отколку за пчела работничка.
  • Поленот од едно растение (монофлорен) не ги содржи сите потребни состојки за потполна исхрана на леглото.
  • Пролетниот недостиг на полен доведува до испилување на пчели со слабо развиени млечни жлезди. Од друга страна тие сиромашно го хранат леглото и се испилуваат уште понеотпорни и поневитални пчели. Кога ќе се појави ваква состојба и нагло da се зголеми присуството на полен или перга, друштвото тешко ќе се накрени. Помошта од пчеларот тука е неопходна, со додавање на затворено легло пред испилување и интервенција со поленомедна погача.
  • Присуството на доволно полен и мед во природата }е го препознаеме по тоа што тридневните ларви пливаат во доволна количина на млеч, а од истите ларви ќе се изведат квалитетни пчели.
  • Пчелите одгледани во недостиг на цветен прав често заболуваат и живеат многу кратко.
  • Пергата ако не е запечатена во ќелиите во текот на зимата при поголема влажност се расипува (мувлосува) и не смее да се дава како храна, бидејќи е отровна-треба да се фрли.
  • Честопати пергата е расфрлена во ќелиите и ако е запечатена е од мала корист за пчелите (недостапна и ретка).
  • Лошите климатски услови - невообичаени високи зимски температури, дождови, студ и слично, доведуваат до предвремено цветање, изумирање на цветните пупки и промашување на поленовата паша.

ЗАКЛУЧОК: Недостатокот од полен го ослабнува пчелното друштво, пчелите не се способни да носат поголеми товари, а добивките на мед се симболични. Без полен нема развој на пчелното друштво. Искусен пчелар може да ја оцени ваквата состојба ако на 100 пчели во друштвото кои се враќаат од паша, 10-12 пчели се натоварени со полен, тогаш поленособирањето е добро. Ваквите друштва имаат и вишок на перга. Правилната исхрана е застапена ако 10-12 пчели од оние кои собираат полен се вратат со разнобоен полен (полифлорен).