skip navigation

Трут

Почетна / Трут
Трут

ТРУТОВИ

Трутовите се мажјаци во пчелното семејство. Нив ги има во пчелното семејство од почетокот на пролетта до есен додека не престане пашата. Штом престане пашата и пчелното семејство почне да се спрема за зима, пчелите не ѓи пуштаат трутовите да влезат во кошницата а тие кои се затекнале во кошницата ги тераат во делот каде што нема храна па така умираат од глад или од студ. Во сандакот трутовите ги има околу еден процент во однос на пчелите работнички.

Тие се познаваат по тоа што се поголеми од пчелата работничка а малку помали од матицата и крилата им се подолги од стомакот што не е случај кај пчелите работнички.

Трутовите живеат пет до шест недели а способни се да ја оплодат матицата после 12 дена од денот на изведувањето кога стануваат полово зрели. После оплодувањето на матицата трутот умура бидејќи половите органи му се откинуваат и остануваат во половите органи на матицата.

Трутовите немаат осило па така не постои опасност од каснување.